13 причини да патувате повеќе пред 30-тата година
Многумина сметаат дека најдобар период за патување е откако ќе имате сигурна работа и изградена кариера, па ќе можете да си дозволите патување низ светот.
Но, овие луѓе грешат. Очигледно, доцните 20-ти години се најдобри и најпогодни години од животот за патување.
Тоа е период кога младите се оформуваат во сериозни личности, но сѐ уште се отворени за нови работи, различни места и промена во начинот на гледање на светот.
И иако можеби младите во 20-тите нема да бидат во можност да бидат сместени во луксузни хотели, сепак имаат други можности кои повозрасните не можат да ги искористат.
13 причини зошто е подобро да патувате повеќе пред да наполните 30 години:
Мозокот уште се развива
Научниците докажале дека нашиот мозок уште се развива и менува во средината на 20-тите години. Доколку овој период од животот го поминете во патување, искуствата кои ќе ги доживеете е поверојатно дека ќе ви го оформат мозокот, ставовите и вас како личност.
Една од најголемите промени што се случува во мозокот во 20-тите години е развојот на емоционална интелигенција. Оние кои патуваат и се мешаат со други култури можат да развијат подобар осет за сочувство.
Поевтино е
Многу земји нудат попусти за студенти без разлика дали е тоа за посета на некои знаменитости, за храна во ресторани, пијалаци во кафулиња или сместување во хостели. Дури постојат и хостели кои имаат возрасна граница и оние кои имаат над 30 години не можат да резервираат.
Плус, младите обично патуваат во друштво, па сите трошоци ги делат, а не се опседнати со луксузно трошење.
Имате повеќе енергија и кондиција
Младите луѓе можат да излезат навечер да се забавуваат, а следниот ден да се разбудат и да го разгледуваат местото. Колку повеќе години таложите, толку е потешко да го издржите мамурлакот и целодневните прошетки.
Можете да спиете секаде
Младите луѓе се пофлексибилни и доколку се со авантуристички дух не им е проблем да спијат каде било, без разлика дали тоа е изнајмена соба во нечиј друг стан или пак на душек во соба во која спие цело големо друштво.
После 30-тата сте сепак малку посериозни и не сте отворени за такви откачени идеи.
Имате помалку одговорности
За многумина, 30-тите години се период кога се случуваат големи животни промени – оформуваат семејство, имаат деца за кои мора да се грижат или работа на која немаат толку слобода и време за патување.
Патувајте колку што е можно повеќе пред обврските да ве „заврзат“ за домот.
Полесно е да научите нови јазици
Ако патувате во други земји додека сте помлади, многу е полесно да научите по некој збор и фраза на јазикот на земјата во која сте. Оваа можност е малку потешко остварлива доколку сте повозрасни.
Уште 7 причини на следната страна...
Би можело да ве интересира:





