3 работи од кои речиси секој од нас се плаши во животот

Вистината ни изгледа страшна, луѓето лажливи, а маската ни стана главен моден додаток.

postojat-tri-raboti-od-koi-rechisi-sekoj-od-nas-se-plashi-vo-zivotot-01.jpg

Најзначајниот руски писател Фјодор Михајлович Достоевски во една пригода изјавил: „Постојат три работи од кои поголемиот дел од луѓето се плашат – да веруваат во луѓето, да ја говорат вистината и да бидат свои“.

И навистина е така... Помислете дали сте свои во својата кожа пред колегите, дали комплетно им верувате на пријателите и дали во секоја пригода, без разлика на последиците, на блиските им ја кажувате вистината?

Еве кои се трите стравови што ги имаат речиси сите:

Се плашиме да им веруваме на луѓето

Зад секој од нас стои животен пат полн предавства, неверства и разочарувања. Животот ни дал добри лекции, но по потешкиот пат. Па не е ниту чудно, како ни станува сè потешко и потешко да им веруваме на луѓето.

Како старееме учиме само гледајќи ги да ги предвидиме нивните намери. Со таквото искуство и знаење станува тешко да се живее, иако овие лекции ни донеле мудрост во животот.

Нашата душа има неверојатно својство – да закрепне. Па така не треба да се затворате од луѓето, да сакате и да бидете сакани, затоа што само така ќе го спознаете светот во неговата вистинска боја.

Не плашете се од новите луѓе во животот, затоа што тој што до вчера бил странец за вас, утре може да биде вашата втора половина. А разочарувања? Имало и ќе има, но вашата душа ја има способноста да се справи со тоа.

Се плашиме да ја говориме вистината

Секој од нас се сеќава на детството, кога мала лага повлекувала со себе друга голема. Секое премолчување со себе носи проблеми и последици.

Ретко ја говориме комплетната вистина затоа што веруваме дека таа е препрека кон среќата. Некако полесно ни е малку да ги разубавиме работите, да не кажеме сè за да избегнеме непријатности.

Сепак, мора да научите да ја кажувате вистината во секоја ситуација. Да не лажете и да научите да премолчите, наместо да ветите нешто што не можете да го исполните. Обидете се да бидете човек на кој може да му се верува без ограничувања.

Се плашиме да бидеме свои

Светот нè научи да играме, секојдневно и беспрекорно. Со сè што нè опкружува како да не можеме да си дозволиме да бидеме тоа што сме. Маските станаа нашиот главен моден додаток.

Постојано сме во фокусот на јавното мислење и како да немаме сила да се бориме со тоа мислење. „Да се биде свој“ е тренд, но малку луѓе тоа навистина си го дозволуваат.

Престанавме да ја цениме својата необичност со цел да се стопиме со масата. Уникатни сме само кога сме сами.

Размислете што е тоа што го сакате и започнете да си ги остварувате желбите. Опуштете се и започнете да живеете на свој начин. Не мислете што ќе каже случајниот минувач или соседот, дишете со полни гради и правете го тоа што отсекогаш сте сакале, но сте се плашеле.

Покажете го своето лице и светот ќе се отвори кон вас.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg