Забавни, страстни, самоуверени: 7 карактеристики на атрактивните луѓе

Личност што знае да ве насмее во најтмурниот ден секогаш е посакувано друштво.

zabavni-strastni-samouvereni-7-karakteristiki-na-atraktivnite-lugje-01.jpg

Веќе е добро познато тврдењето дека луѓето не привлекуваат тоа што сакаат, туку тоа што се.

Привлечноста може да биде физичка, емоционална, интелектуална, но и покрај сето тоа постојат одредени карактеристики кај луѓето што се привлечни за сите на секој начин.

Еве кои карактеристики ги имаат атрактивните луѓе:

Забавни

Хуморот го олеснува животот и внесува светлина. Кога ќе натежнат животните фрустрации и разочарувања, личност со добра смисла за хумор и тоа како знае да ги олесни работите и да го разведри денот.

Страстни

Тие се одлучни и решителни на патот кон поставените цели. Едноставно имаат страст за работите во животот.

Плус, оваа карактеристика е заразна, па покрај страстна личност и вие станувате такви.

Одлучни

Личностите кои носат одлуки ефикасно се привлечни за сите луѓе.  Тие секогаш знаат што да кажат во одредена ситуација и даваат добри совети.

Фини

Сигурно и вам ви е здодеано од личности со злобни намери, па токму затоа фините луѓе се посакувано друштво секогаш.

Тие се приземјени во интеракцијата со секого.

Отворени

Ова може да значи со отворен ум, но и искрени. Тие наместо да мислат за проблемите, отворено зборуваат и делуваат за нивно решавање.

Самоуверени

Има нешто навистина секси во самодовербата. Сите се лепат на луѓе со таков став.

Флексибилни

Тврдоглави луѓе кои не прифаќаат туѓи ставови се тешки за интеракција.

Луѓето кои во една дискусија ги разгледуваат сите ставови и се подготвени да научат, па и да го променат ставот на сметка на новодобиени информации се допадливи секому.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
14 забавни фото-споредби: Различности кои не се опишуваат со зборови Нов и стар пар патики сликани еден до друг, маж пред и по трансплантација на кос...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg