Совети кои еден ден може да ви го спасат животот

Кога луѓето ќе слушнат „совети за преживување“, веднаш си замислуваат сцена како сами се наоѓаат на пуст остров или во шума и бараат начини за да се спасат.

soveti-koi-eden-den-mozhe-da-vi-go-spasat-zhivotot-01.jpg

Но, важно е да се сфати дека понекогаш дури и низ град ви се потребни совети и трикови за спасување и извлекување од непријатни ситуации.

Ова се некои од најдобрите совети собрани на едно место, кои ќе ви помогнат да не паничите и да се снајдете полесно во секаква ситуација:

Употреба на клучеви за самоодбрана

Еден од најчестите совети за ситуации кога гледате дека ќе бидете нападнати на улица е да ги земете клучевите за да се одбраните. Но, важен е и начинот на кој ги држите.

Не се обидувајте да ги фатите клучевите како на првата слика бидејќи може да се повредите, а и ќе ви треба многу повеќе време отколку едноставно да го држите клучот како нож или да ги стуткате во тупаница. 

Секако, овој совет важи исклучиво за во неизбежни ситуации, а не за во секаква секојдневна ситуација.

soveti-koi-eden-den-mozhe-da-vi-go-spasat-zhivotot-02.jpg

Ако таксистот се однесува чудно

Пред да влезете во такси, секогаш запомнете го бројот на автомобилот и доколку сте во можност известете некого во кое возило сте. Доколку возачот почне да се однесува чудно и сомнително, заѕвонете на некого, на било кој, или едноставно преправајте се дека ѕвоните.

За време на разговорот доколку гледате дека ситуацијата е сериозна, кажете го бројот на возилото, а ако само ви е чудно, продолжете со разговорот додека да се симнете. Така е помала веројатноста дека ќе се обиде да ви направи нешто.

soveti-koi-eden-den-mozhe-da-vi-go-spasat-zhivotot-03.jpg

Ако некој ви каже дека нема да ве повреди, бидете внимателни

Обрнете посебно внимание на чудни ветувања. Ако некој без посебна причина ви каже дека нема ништо да ви направи и дека нема никакви намери, тогаш тој има токму таква намера. Ваквите изјави секогаш се алармантни и треба да внимавате многу во овие ситуации.

soveti-koi-eden-den-mozhe-da-vi-go-spasat-zhivotot-04.jpg

Пари за итни случаи

Одлична идеја е да скриете пари во маската за телефон. Секогаш може да се случи итно да ви се потребни пари (кои ги немате моментално во новчаник или во случај да ве ограбиле), па овој трик ќе ве спаси во вакви ситуации.

soveti-koi-eden-den-mozhe-da-vi-go-spasat-zhivotot-05.jpg

Прва помош во гужва

Ако на некој што е до вас му се слоши додека сте на јавно место, не ги прашувајте сите околу вас одеднаш за помош. Наместо тоа, најдете ја личноста што е најблиску до вас и прашајте ја конкретно само неа.

Во спротивно, никој нема да сака да преземе одговорност, бидејќи секој ќе помисли дека сигурно ќе се најде некој друг што ќе помогне и на крај ќе останете сами, а тие ќе ве одминат.

soveti-koi-eden-den-mozhe-da-vi-go-spasat-zhivotot-06.jpg

Правило за безбедност на скали

Никогаш не ги ставајте рацете во џебови кога се качувате или симнувате по скали, за да можете лесно да се фатите за оградата доколку се лизнете или некој ве бутне. Во случај да паднете со рацете во џеб, може да си нанесете сериозни повреди.

soveti-koi-eden-den-mozhe-da-vi-go-spasat-zhivotot-07.jpg

Ако нешто не е во ред, не се срамете да бидете некултурни

Секогаш треба да бидете храбри и да избегнувате контакт и поминување време со чудни луѓе и во чудни ситуации. Ако се плашите да бидете сами во лифт со некој сосед, нека не ви биде непријатно да го одбегнете и да почекате или да одите по скали.

Ако мислите дека нешто не е како што треба, не го игнорирајте вашиот инстинкт само за да не навредите некого.

soveti-koi-eden-den-mozhe-da-vi-go-spasat-zhivotot-08.jpg

Што ако сепак ве нападнат?

Не се обидувајте да го удрите напаѓачот во лице, бидејќи така рацете ќе му бидат слободни и може да ве повреди. Наместо тоа, подобро е да го удрите во телото или да му ги стиснете силно зглобовите.

Правете вежби за зглобовите секој ден за рацете да ви бидат посилни.

soveti-koi-eden-den-mozhe-da-vi-go-spasat-zhivotot-09.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Места ширум светот со најмногу рестрикции за посетители (забранети се и за најмоќните лидери) Капелата во којашто се верува дека се наоѓа ковчегот со 10-те божји заповеди е в...
Како изгледаат градинките во Кина: Децата готват на печки на дрва, мешаат малтер Деца од градинка сами мешаат малтер и градат шпорети за готвење. Сами носат дрва...
12 работи што општеството не ги прифаќа, иако се здрави и нормални, низ илустрации Грижата за децата не е само женска работа, па затоа не е срамота и татковците са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg