Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Едноставни начини да откриете дали некој ве лаже

Освен професионалните лажговци, сите останати луѓе кои кажуваат по некоја лага, можат лесно да се откријат.

ednostavni-nachini-da-otkriete-dali-nekoj-ve-lazhe-01.jpg

Само треба добро да го следите нивното однесување и да внимавате што ќе кажат и на кој начин ќе го кажат.

Ви нудиме неколку совети и трикови со кои следниот пат полесно ќе можете да препознаете кога некој ве лаже.

Начинот на кој другата личност ви одговара на прашањата, ја открива веродостојноста.

Погледнете како:

Нејасни одговори

Ако соговорникот ви даде многу нејасен одговор, во кој и самиот ќе се збуни и ќе каже нешто нелогично, тоа може да биде знак дека лаже. Обидете се да ја натерате личноста да остане на темата, потребен ви е директен одговор – „да или не“.

ednostavni-nachini-da-otkriete-dali-nekoj-ve-lazhe-02.jpg

Исмејување/засмејување

Ако соговорникот се обиде да го исмее тоа за што го прашувате или само се смее, веројатно ве лаже. Тој што сака да ве измами ќе се обиде да ве насмее и да ја смени поентата на прашањето.

ednostavni-nachini-da-otkriete-dali-nekoj-ve-lazhe-04.jpg

Претерана искреност

Еден од знаците за лажење е преувеличување на искреноста. Ако соговорникот ви се колне и ветува дека не ве лаже и дека нема ништо со таа ситуација, сигурно ве лаже.

ednostavni-nachini-da-otkriete-dali-nekoj-ve-lazhe-03.jpg

Сочувство

Најтешко е да не му верувате на некој кој се обидува да сочувствува. Ако човекот покажува сочувство, немојте секогаш да паѓате на тоа. Можно е да сака да ве измами, но и не мора да значи.

ednostavni-nachini-da-otkriete-dali-nekoj-ve-lazhe-05.jpg

Одговор со прашање

Некој што сака да ве измами, не сака да ви даде директен одговор. Затоа ќе се обидe да ви постави уште повеќе прашања, а тоа е сигурен знак за лага.

ednostavni-nachini-da-otkriete-dali-nekoj-ve-lazhe-06.jpg

Драматизирање

Ако некој претерува со однесувањето и повеќе драматизира, најверојатно чувствува грижа на совест. Ако соговорникот е неискрен, ќе се обиде да глуми изненадено за да ве увери дека не е тој виновен.

ednostavni-nachini-da-otkriete-dali-nekoj-ve-lazhe-07.jpg

Избегнување на одговорот

Ако соговорникот се обиде да го избегне одговорот и притоа ви дава уште многу други ирелевантни информации или се обидува да ја смени темата, веројатно сака да избегне неволји.

ednostavni-nachini-da-otkriete-dali-nekoj-ve-lazhe-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg