Кога Дизни принцезите би биле модерни девојки од 2017 година (фото)
Од шминка и фризура до целосен стајлинг, Дизни принцезите ги гледаме како „реални девојки“ од нашето време.
Во последните години видовме многу „модерни“ верзии на Дизни принцезите со кои растевме и на кои им се воодушевувавме.
Најновата интерпретација е од дигиталниот артист од Чиле, Фернанда Суарез, и мора да признаеме дека е неверојатна.
Таа започна со Снежана, па со Ариел, Мулан и со сите останати. Принцезите сега имаат фризури како да следеле Yotube туторијали за модерни девојки во 2017, имаат мачкесто нашминкани очи и тренди парчиња облека.
Суарез сѐ уште работи на процесот и едвај чекаме да видиме која принцеза наредна ќе ни ја претстави во модерна верзија од 2017 година.
Од Пепелашка до Покахонтас, погледнете ги модерните верзии на Дизни принцезите:
Мулан
Бела
Јасмин
Ариел
Покахонтас
Снежана
Пепелашка
С. С. | Црнобело