Зошто е важно што правевте денес?

Секој од има 24 часа во денот. Колку му дозволуваме на времето во денот да владее со нас наместо ние со него на крај е одлучувачки фактор за тоа колку ќе бидеме успешни во животот.

zosto-e-vazno-sto-pravevte-denes-001.jpg

Постои една изрека која вели: „Имате исто толку часови во денот колку што има Бијонсе”

Можеби не сте суперѕвезда и немате милиони на сметка, немате приватен авион кој ќе ве носи на која дестинација и да посакате, ниту пак го имате нејзиниот талент, но тајната е во тоа да најдете што е тоа во што сте добри и сериозно да работите на тоа.

Постојат многу луѓе на светот кои го имаат истиот талент како Бијонсе, но не секој би станал во 4 часот наутро да вежба пеење и или танцување. Ако ја прашате Бијонсе како стигнала до тоа што е денес, таа секогаш би одговорила дека била благословена и со макотрпна работа.

Сите имаме 24 часа во денот. Ако нашите денови не се доволни успешни, нашиот живот нема да биде успешен. Кога ќе се научиме да владееме со времето во нашиот ден, тогаш успехот е неизбежен.

Каков беше вашиот ден денес?

Размислете за работите кои ги направивте денес. Дали денес се однесувавте како личноста која сакате да бидете? Ако би го повторувале истиот ден до крајот на вашиот живот, реалистично, каде ќе завршите?

Ако се гледате во иднина како личност која би ги исполнила сите соништа и цели, колку различен би требало да биде вашиот ден денес? За да ги исполните вашите соништа, како треба да изгледа вашето секојдневие?

Најдобриот начин за свесно да го дизајнирате вашиот живот е да го дизајнирате вашиот идеален ден? Како би изгледало тоа? Кои активности треба да ги правите секојдневно за да постигнете да го живеете животот од соништата?

Треба да знаете дека вие сте единствените што можете самите за себе да дефинирате како изгледа за вас среќа и успех? Не сите сакаат да бидат познати и моќни како Бијонсе и тоа е во ред.

Откако ќе дефинирате што е тоа што ве прави среќни и што е за вас успех тогаш можете да го дизајнирате вашиот идеален ден што ќе ви ја донесе таа среќа.

Откако ќе почнете да постигнувате нешто во вашиот ден со цел за подобра иднина, тогаш се станува навика. Кога се будиме секој ден имаме две опции, да тргнеме во денот со самодоверба и желба за успех, или да се криеме од светот и да чекаме денот да заврши.

Она што е најважно да го запаметите е дека вашата самодоверба зависи од вас самите. Колко повеќе денови успевате да бидете продуктивни и да се трудите да ги постигнете вашите цели толку повеќе вашата самодоверба ќе расте. Ако претходниот ден ви бил успешен најверојатно ќе се разбудите и следниот ден полни со самодоверба и мотивација за работа.

Сите ние ја имаме контролата врз тоа како го поминуваме нашето време. Ако мислиме дека немаме тогаш играме улога на жртва и сме го изгубиле нашиот фокус. Тоа ќе остане така сè додека не преземеме одговорност врз нашето време.

Сè додека не успееме да можеме да се погледнеме во огледало и да си признаеме дека ние сме одговорни за сè што ни се случува во животот и дека ние самите ја имаме моќта да го промениме нашиот живот.

Единствено што треба да направиме е да си ги одговориме следните прашања:

  • Како изгледа мојот идеален ден?
  • Колку често успевам да го живеам мојот идеален ден?
  • Ако секој ден го живеам мојот идеален ден каде ќе бидам за 5 години од сега?

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg