Red-light district во Амстердам, палати во ОАЕ: 8 места низ светот забранети за фотографирање

Патувањата се прекрасни искуства кои сите ги обожаваме, а после нив, единственото што ни останува е споменот и импресиите.

red-light-district-vo-amsterdam-palati-vo-oae-8-mesta-niz-svetot-zabraneti-za-fotografiranje-01.jpg

А, постои ли подобар начин за тоа од добри фотки кои заасекогаш ќе ги чувате?

Улици, објекти, цркви, реки, природа, хотелски соби и туристички атракции – нема што нема во вашиот фотоапарат или мобилен телефон.

Сепак, во некои земји, има строги и чудни забрани за фотографирањето, заради кои туристите може да се најдат во неволја со законот.

За да избегнете таква ситуација, прочитајте на кои места не смеете да правите фотки:

Амстердам, Холандија

Red Light district во Амстердам е познат по борделите, живописните канали и кафулињата. Во овој дел од градот, сопствениците на локалите мразат кога туристите ги сликаат проститутките кои стојат на прозорците.

Ако се осудите да одите овде со камера, во најдобар случај некој може да ви ја земе, а во најлош, ќе бидете претепани.

red-light-district-vo-amsterdam-palati-vo-oae-8-mesta-niz-svetot-zabraneti-za-fotografiranje-02.jpg

Јужна Кореја

Во оваа земја, забрането е да фотографирате жени без нивна согласност – дури и на јавни места. Одбивањето да го почитувате ова правило се смета за чин на сексуална агресија и за тоа се плаќа казна од околу 6.500 евра и до 5 години затвор.

red-light-district-vo-amsterdam-palati-vo-oae-8-mesta-niz-svetot-zabraneti-za-fotografiranje-03.jpg

САД

Во САД, законот за фотографирање не е толку строг како во Јужна Кореја, но сепак можете да се најдете во неволја во некои случаи–како на пример, ако сликате приватен имот.

Секогаш е пожелно прво да побарате дозвола од сопственикот, ако е возможно. И најважно од сè, обрнете внимание на знаците за забрана.

red-light-district-vo-amsterdam-palati-vo-oae-8-mesta-niz-svetot-zabraneti-za-fotografiranje-04.jpg

Обединети Арапски Емирати

Во ОАЕ, фотографирањето на забранети места може да заврши со 1-3 месеци затвор и околу 1.000 евра казна. На повеќе локации, забрането е да се користи апарат заради локалните суеверија.

Исто така, не можете да фотографирате владини објекти, одредени мостови и палати на шејковите. Фотографирањето палати е забрането и со закон.

red-light-district-vo-amsterdam-palati-vo-oae-8-mesta-niz-svetot-zabraneti-za-fotografiranje-05.jpg

Северна Кореја

Ако сакате да ја посетите земјата, бидете подготвени на многу забрани на секој чекор. Во оваа земја не смеете да го напуштите хотелот без водич, ниту пак да фотографите било што без дозвола.

Ако не ги почитувате, ќе се соочите со казна или можеби нешто полошо…

red-light-district-vo-amsterdam-palati-vo-oae-8-mesta-niz-svetot-zabraneti-za-fotografiranje-06.jpg

Англија

Британците целосно имаат разбирање кон туристите кои се постојано со апаратот во раце. Можете да сликате аматерски фотографии речиси секаде, но комерцијалното фотографирање бара посебна дозвола.

На пример сликањето за реклама на Trafalgar Square и Parliament Square може да се оствари само со дозвола од градоначалникот на Лондон.

red-light-district-vo-amsterdam-palati-vo-oae-8-mesta-niz-svetot-zabraneti-za-fotografiranje-07.jpg

Јапонија

Во Јапонија е забрането да се сликаат одредени храмови и статуи, бидејќи според нив тоа можело да ги вознемири духовите. Некои локации не смеат воопшто да се фотографираат, а други пак само во одредени периоди од годината, па затоа бидете внимателни.

red-light-district-vo-amsterdam-palati-vo-oae-8-mesta-niz-svetot-zabraneti-za-fotografiranje-08.jpg

Алжир

Алжир е конзервативна земја, посебно во јужниот дел. Можете да фотографирате мажи само со нивна согласност, а жените смеат да бидат фотографирани само со дозвола од нивниот сопруг или татко, бидејќи се сметаат за нивна сопственост. Строго е забрането и фотографирање мостови, брани и воени објекти.

red-light-district-vo-amsterdam-palati-vo-oae-8-mesta-niz-svetot-zabraneti-za-fotografiranje-09.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Низ илустрации: 10 типови клиенти кои им одат на нерви на продавачите Луѓе кои се истураат на продавачите и поставуваат прашања за кои тие немаат одго...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
Артист од Холандија прави забавни уметнички инсталации низ Амстердам (фото) Френк де Руве e уличен уметник од Амстердам кој работи под називот „Френки“ и се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg