113 кафиња, 85 чоколади: Навидум безопасни намирници кои во голема количина се смртоносни

Отровот е насекаде и нема ништо без него. Дозата која се содржи во одредените производи може да ги направи отровни или лековити.

113-kafinja-85-chokoladi-sekojdnevni-namirnici-koi-vo-odredena-kolichina-se-smrtonosni-01.jpg

Понекогаш на сите ни се случува да претераме со јадење одредена храна или пиење некои пијалаци.

Сепак, добро е да знаете дека има намирници кои треба да се јадат во ограничена количина, бидејќи во спротивно може сериозно да му наштетат на здравјето, па дури и да бидат смртоносни.

Секако, за да стигне до таков непосакуван ефект треба многу голема количина на консумирање, која речиси никој не ја достигнува, но добро е да бидете запознаени со ова.

Погледнете колкава количина од овие намирници може да биде отровна и смртоносна.

Сите податоци за количината важат само за консумирање одеднаш, а не во подолг одреден период.

Вода

Сите знаете дека е препорачливо да се пие по 2 литра вода на ден. Но, ако пиете 3 пати повеќе, вашите бубрези нема да можат да испроцесираат толку многу течност и да ја извадат од организмот.

Ова може да предизвика сериозни здравствени последици како мозочен оток или респираторен арест. Така што, да, може да се отруете од вода, но само доколку оваа количина ја испиете одеднаш.

113-kafinja-85-chokoladi-sekojdnevni-namirnici-koi-vo-odredena-kolichina-se-smrtonosni-02.jpg

Кафе

14 грама кофеин може да биде смртоносна доза, а тоа се отприлика 113 шолји кафе од по 250 ml. Ако оваа доза се испие одеднаш, човекот нема да биде предозиран со кофеин, туку ќе биде усмртен од интоксикација со вода – 113 шолји се речиси 30 литри вода.

Па, освен ако не грицкате зрна кафе и не пиете толку голема количина кафе на ден – безбедни сте!

113-kafinja-85-chokoladi-sekojdnevni-namirnici-koi-vo-odredena-kolichina-se-smrtonosni-03.jpg

Чоколадо

Чоколадото содржи мала количина на теобромин. Овој алкалоид е многу моќен и може да му наштети на централниот нервен систем, но за тој ефект треба да бидат изедени 9 килограми чоколадо на едно седнување.

Ова прво ќе доведе до гадење и дијареја, потоа епилептичен напад, внатрешно крвавење, срцев удар и на крај – смрт.

113-kafinja-85-chokoladi-sekojdnevni-namirnici-koi-vo-odredena-kolichina-se-smrtonosni-04.jpg

Алкохол

За здрав човек, смртоносна доза би било 1.25 литри или 40% алкохол (отприлика околу 27 чашки). Но, ова би се случило само доколку бидат испиени сите во рок од 1 час и не бидат повратени.

113-kafinja-85-chokoladi-sekojdnevni-namirnici-koi-vo-odredena-kolichina-se-smrtonosni-05.jpg

Цигари

Ако земете предвид дека стандардна цигара содржи околу 0.8 mg никотин, 75 цигари испушени за еден ден може да ве уништат целосно.

113-kafinja-85-chokoladi-sekojdnevni-namirnici-koi-vo-odredena-kolichina-se-smrtonosni-06.jpg

Семки од јаболко

Ако изедете 18 јаболка нема да ви направат нешто толку сериозно, но ако ги извадите семките од нив, ги здробите, изџвакате и голтнете, постои можност за смрт бидејќи тие содржат цијанид.

113-kafinja-85-chokoladi-sekojdnevni-namirnici-koi-vo-odredena-kolichina-se-smrtonosni-08.jpg

Банани

Бананите содржат калиум, а ако се предозирате со него, тоа може да биде смртоносно. Но, за ова да се случи, треба да изедете 400 банани одеднаш.

113-kafinja-85-chokoladi-sekojdnevni-namirnici-koi-vo-odredena-kolichina-se-smrtonosni-09.jpg

Портокали

За да се предозирате со портокали, би требало да изедете околу 11.000 портокали одеднаш. Невозможно.

113-kafinja-85-chokoladi-sekojdnevni-namirnici-koi-vo-odredena-kolichina-se-smrtonosni-10.jpg

Сол

Нормална дневна доза на сол е 2 грама. Смртоносна доза на сол е 255 грама одеднаш или во еден оброк, а тоа се отприлика 48 лажички.

113-kafinja-85-chokoladi-sekojdnevni-namirnici-koi-vo-odredena-kolichina-se-smrtonosni-11.jpg

Чили пиперка

За некој да добие таков негативен ефект од чили пиперката кој ќе резултира со смрт, треба да изеде 130 лажици. Веројатно никој не би издржал толку луто.

113-kafinja-85-chokoladi-sekojdnevni-namirnici-koi-vo-odredena-kolichina-se-smrtonosni-12.jpg

Шеќер

Фатална доза на шеќер е 24 килограми одеднаш, што е еднакво на отприлика 500 лажички шеќер.

113-kafinja-85-chokoladi-sekojdnevni-namirnici-koi-vo-odredena-kolichina-se-smrtonosni-13.jpg

Паста за заби

Теоретски, би требало да изедете околу 24 туби паста за да предизвикаат негативен ефект кој ќе заврши со смрт.

113-kafinja-85-chokoladi-sekojdnevni-namirnici-koi-vo-odredena-kolichina-se-smrtonosni-14.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
9 совети за преживување во кои не треба да верувате (може да ве чинат живот) Цицањето на отровот од змијата може да биде опасно, а ако се обидете да се ориен...
„Отровот е во твојата глава“: Мудра кинеска приказна за снаа и свекрва „За целосно да избегнеш каков бил сомнеж, мора да го контролираш својот гнев, да...
Киднапирале авион и држеле патници во заложништво над 60 часа: Приказната зад хит серијата The Hijac... Во 1970-тите, двајца мажи киднапирале патнички авион и се заканувале дека ќе пос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg