Научете да штедите: Како да поминете цел ден без да потрошите денар?

Секој ден посегнуваме по нашиот паричник. Токму поради тоа, ден без да потрошиме ниту еден денар звучи како добар предизвик за да научиме да штедиме.

nauchete-da-shtedite-kako-da-pominete-cel-den-bez-da-potroshite-denar-01.jpg

На овој начин ќе научите подобро да ги организирате финансиите и ќе стекнете контрола врз тоа колку трошите. Звучи тешко, па дури и невозможно, но бидете истрајни и ќе успеете во предизвикот.

Следете ги следниве совети:

Планирањето е важно

Откако ќе одлучите да започнете со предизвикот, одберете ден во кој ќе го спроведете. Полесно е да биде еден ден од викендот, бидејќи тогаш обично сте дома, а оние кои сакаат што побргу да научат да штедат, најдобро е да почнат со предизвикот во работен ден.

Постојано имајте го предизвикот на ум

Ветете си самите себе дека ќе успеете во оваа задача. Бидете истрајни и одолејте на искушенијата да потрошите некој денар на јадење, кафе или нешто друго.

Овој предизвик трае само еден ден, па добро би било да издржите и да не посегнете по паричникот за тие 24 часа.

Преиспитајте ги одлуките за тоа што купувате

Ваквиот ден ќе ви ги смени приоритетите што сте ги имале досега. Не мора да купите кафе за носење, туку направете си кафе дома, пред да одите на работа. Убаво размислете дали навистина имате потреба од нешто ново или влегувате по продавниците само затоа што има попуст.

Проверете ги цените на намирниците во различни маркети – сигурно постои поисплатлива опција.

nauchete-da-shtedite-kako-da-pominete-cel-den-bez-da-potroshite-denar-02.jpg

Искористете го она што веќе го имате

Експериментирајте со облека што долго време ви стои во гардероберот, а не сте помислиле дека може да се искомбинира на некој друг начин.

Испланирајте ги оброците во текот на работниот ден со намирници кои веќе ги имате дома за да не купувате нови.

Имајте на ум дека овој предизвик сепак трае само 1 ден

Предизвикот има рок на траење, па тоа нека ви даде мотив да успеете. Ако ви се допадне, можете да почнете да го практикувате и почесто, на пример еднаш или двапати месечно.

Ако не ви се допадне, со завршување на денот завршува и предизвикот, па ако сакате да научите за заштедите, најдете некој друг експеримент или начин кој ќе ви одговара.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 навики на луѓето кои на сите ни одат на нерви (повеќе од што било) Без осет ставаат еден тон парфем што не е пријатен за носот на околината, тресат...
6 потсетници за миговите кога мислите дека треба да се откажете од големите соништа Не заборавајте дека најголемите соништа не стануваат реалност преку ноќ и мора д...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
Храна, бензин: 11 трикови како да заштедите пари и платата да ви издржи до 1-ви „Дадете си задача еден месец да не фрлите ништо од храна. Кога бананите ќе почну...
Идеи што да правите кога надвор врне (за да не ги поминете деновите во досадување) Направете си домашен пикник со ќебиња и вкусна храна со партнерот или пријателит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg