Зошто најдобрите другарки наликуваат една на друга?

„Сигурно не сте сестри?“ е прашањето што многупати го слушнале бројни блиски пријателки. А, постои и сосема логична причина зошто тоа е така.

zoshto-najdobrite-drugarki-nalikuvaat-edna-na-druga-1.jpg

Колку ли само пријателски двојки сте запознале, помислувајќи дека станува збор за сестри? A, понекогаш и цело женско друштво знае да изгледа речиси идентично. Притоа, не станува збор само за лична перцепција, или, пак, за сличната облека која ја носат, велат експертите.

zoshto-najdobrite-drugarki-nalikuvaat-edna-na-druga-2.jpg

Истражувањето објавено во „Society for Personality and Social Psychology“, посочува дека постојат повеќе причини поради кои одредени луѓе изгледаат како изгубени роднини на своите најдобри пријатели, а тоа е особено забележливо кога се жените во прашање.

Еден од важните фактори е чувството на емпатија, односно човековата потреба за поврзување со оние кои имаат слични размислувања на нашите, а понекогаш и изгледаат како нас, иако ние самите не сме во состојба тоа да го видиме.

zoshto-najdobrite-drugarki-nalikuvaat-edna-na-druga-3.jpg

Затоа, неретко гледаме високи жени во друштво на други дами со завидна висина, две најдобри пријателки со заоблени задници и скромен граден кош, изразито слаба девојка во пар со уште една слична на себе, итн. Ваквото здружување не мора да биде правило, но често се случува на несвесно ниво.

Втор значаен фактор е дотерувањето, односно изборот на слична шминка, фризура и облека...делумно поради истите трендови кои ни се допаѓаат и нам и на најдобрата другарка, но и поради желбата за прифаќање од страна на општеството.

zoshto-najdobrite-drugarki-nalikuvaat-edna-na-druga-4.jpg

Најинтересната од сите е причината поради која најдобрите другарки почнуваат да наликуваат и во цртите на лицето, а го објасни порталот Psychology Today:

„Со тек на време, пријателите би можеле да почнат да си наликуваат, бидејќи користат исти фацијални експресии. Многу смеење и мрштење на идентичен начин, може да доведе до благи промени во изгледот на лицето.“

zoshto-najdobrite-drugarki-nalikuvaat-edna-na-druga-5.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Секојдневни работи што не сме свесни дека ги правиме погрешно Знаевте ли дека постои попрактичен начин за ставање на освежувачот во тоалетната...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg