Тајни и трикови со кои онлајн шопингот ќе биде посигурен
Онлајн шопингот може да ви заштеди многу време и нерви, но само ако сте претпазливи. Во спротивно, ќе ви предизвика само нервози и фрлени пари во воздух.
Бидејќи живееме во време кога сè ни е достапно на еден клик, жалосно е да не ја искористиме шансата.
За безбедно и сигурно онлајн купување треба да знаете:
1. Купувајте облека само од сајтови на кои се наведени деталните димензии на броевите
Секоја онлајн продавница има различни димензии за ист број, па затоа мора да бидете внимателни. Барајте табели со мерки, односно сантиметри во пределот на градите, струкот и колковите.
2. Бирајте едноставни силуети и некомплицирани модели
Потпрете се на едноставноста кога купувате онлајн. Комплицираните врвки и машни оставете ги за некое ателје или кројач.
3. Купувајте во средината на неделата
Докажано е дека од вторник до четврток онлајн продавниците имаат поголеми попусти и специјални понуди.
4. Исконтактирајте директно
Ако имате можност да четувате со продавницата, направете го тоа. Распрашајте се дали го имаат артиклот на располагање, во која боја, дали ја има вашата големина, дали моментално важи попуст за него...
5. Снимајте додека го отпакувате производот
Не заборавајте на овој важен момент заради возбуда. Поставете камера пред да го отпакувате она што сте го нарачале. Така ќе имате доказ дека не сте го добиле она што сте се договориле и ќе имате поголеми шанси за замена или враќање на парите. Видео материјалот е сериозен доказ.
6. Не го кријте роденденот додека се регистрирате
Многу онлајн продавници имаат маркетинг трик за испраќање на ситни подароци на нивните муштерии за роденден. Или доделување попусти. Секако нема ништо да изгубите ако ви го знаат роденденот.
7. Користете апликации за споредба на цените
На пример, искористете ја priceme за да видите дали парчето кое сакате да го купите го има на друго место, за пониска цена.
8. Што значи полн размер на бедрата?
Размерот на бедрата знаеме дека се мери со еластично метро, меѓутоа ако во нарачката се бара полн размер на бедрата, направете го следното: земете рамен долг предмет како на пример линијар и ставете го вертикално по должината на стомакот. Стомакот мора да биде релаксиран, во природна состојба. Потоа со метрото измерете ги сантиметрите до линијарот.
Сликата ќе ви биде од помош:
Уживајте во шопинг без главоболки!
М. Д. | Црнобело