Град во кој не се умира и уште 8 најчудни гратчиња во светот
Секој град на светов е сам по себе уникатен, но некои од нив се толку необични што е тешко да се поверува дека постојат.
Постојат неколку места кои имаат чудни карактеристики за кои сигурно не сте знаеле.
За некои од нив вреди да се потрудите да ги посетите, но некои е доволно само да знаете дека постојат:
Град каде не може да се умре
Градот Лонгјир во Свалбард е еден од најсеверлните места во светот и е место каде што официјално не може да се умре. Во градот има гробишта, но не се користени 70 години.
Причината за ова е ладната клима што ги спречува мртвите тела од распаѓање и ги прави привлечни за дивите животни. Луѓето кои се пред смрт се транспортираат со авион до копното на Норвешка.
Град кој припаѓа на две држави
Градовите кои се поделени помеѓу 2 земји се многу почести отколку шо замислувате, но о вој е најнеобичен.
- Бузинген ам Хохрајн е единствениот германски град во кој швајцарските франци се официјална валута.
- Има 2 поштенски кода – германски и швајцарски.
- Граѓаните користа швајцарски и германски телефонски броеви.
- Фудбалскиот клуб Büsingen е единствен германски тим што игра во Швајцарско првенство.
Најпеколниот град
Во Мичиген во САД можете да го најдете градот Hell (Пеколот). Потеклото на името е непознато, но жителите на градот се среќни што ја одржуваат пеколната слика за него.
Туристите се фотографираат со табли „Добредојдовте во пеколот“, а во продавници за сувенири се продаваат „договори“ за продажба на 1 м² земја во Пеколот по цена од 6.66 долари (5.64 евра).
Кинески град на Австрија
Кинезите се познати по правење копии на различни работи од светот, а тоа изгледа важи и за цели градови. За да можат да патуваат без да ја напуштат земјата тие решиле да си го изградат австриското гратче Халштат.
Прво била изградена црквата, а потоа се направени и улиците со ист изглед како оригиналните. Инаку, недвижнините во кинескиот Халштат се поскапи од австрискиот.
Последниот бесплатен град
Слаб Сити е град во Калифорнија кој е населен во главно од работници, бездомници, пензионери или луѓе кои немаат каде да одат.
Луѓето живеат во приколки и импровизирани колиби без вода, струја или адреси. Комуналните претпријатија исто така не постојат, како и даноци и кирии.
Сето ова звучи на многу голема неудобност, но оние кои биле овде велат дека всушност е многу пријатно и удобно место. Тие го нарекуваат градот „последното бесплатно место во Америка“.
Град под еден кров
Целиот град Витир во Алјаска е лоциран во 14-катна зграда која е поранешен воен објект. Таму се наоѓаат сите продавници, полициска станица, болница и црква.
Целта е да се заштеди на греење со оглед на тоа што времето е ладно и ветровито речиси цела година. Градот брои вкупно 220 жители.
Најсиниот град
Ѕидовите, вратите, па дури и скалите на овој прекрасен град во Мароко се во различни нијанси на сина.
Според една теорија, тие се обоени од Евреите кои порано живееле овде, а сината е нивна света боја. Евреите веќе одамна ги нема во Шефшауен, но традицијата останала.
Град во карпа
Сетенил де лас Бодегас во Шпанија ги привлекува туристите од цел свет, а причината за тоа е најверојатно тоа што е изграден во огромна базалтска карпа.
Има улици каде над вас може да видите како ви висат карпи врз глава, наместо небо. Можеби изгледаат како да ќе паднат, но тие се држат со векови.
Град каде мртвите се побројни од живите
Градот Колма во Калифорнија е место кое има 17 гробишта. Мртвите ги надбројуваат живите со сооднос 1000:1!
Тоа е така бидејќи локалните власти одлучиле да ги преместат сите гробишта од околината на Сан Франциско, па сите тела биле донесени тука.
Мотото на градот денес е: „Добро е да се биде жив во Колма“.
М. М. | Црнобело