Трикови со кои се служат вработените во рестораните, а повеќето не ги забележуваат

Вработените се служат со секакви трикови во различни локали и индустрии, а за повеќето од нив ние не знаеме.

trikovi-so-koi-se-sluzhat-vrabotenite-vo-restoranite-a-povekjeto-ne-gi-zabelezhuvaat-01.jpg

Посебно на места како што се рестораните, има многу вакви тајни трикови.

Некои од нив се честа појава и ги има во речиси сите ресторани, а некои од нив ги практикуваат само на одредени места.

Сепак, добро е да знаете кои се тие и да не паѓате во нивната замка ако некаде ги забележите:

Правило на „златна“ маса

Ако конечно успеавте да влезете во некој популарен ресторан и го начекавте кога е целосно празен, но сепак ве сместат на најнеудобната маса веднаш до вратата, немојте да се чудите. Така овие бизниси ги привлекуваат гостите – создавајќи изглед дека е полно.

А, многу ресторани имаат правило на „златна маса“ односно атрактивните луѓе ги сместуваат во убавите делови на ресторанот, покрај прозорите или во центарот на просторијата за да создадат подобар впечаток за околината и гостите.

Знакот „резервирано“ не значи секогаш дека масата е резервирана

Сте забележале ли дека некои маси во рестораните се секогаш резервирани? Иако стои знакот за резервирано, сепак тоа не е секогаш така. Тие знаци често ги ставаат за да се заштитат од ситуации во кои двајца зафаќаат маса за 6 луѓе.

trikovi-so-koi-se-sluzhat-vrabotenite-vo-restoranite-a-povekjeto-ne-gi-zabelezhuvaat-02.jpg

Правилото на 5 секунди

Ова е непишано правило, но ако храната падне на земја и стои таму помалку од 5 секунди пред да биде крената, тогаш тоа не се смета како да е за фрлање. На некои места дури правилото на 5 секунди се претвора во правило на 10 секунди...

Келнерот намерно го крева вашиот тањир

Дали и вие сте од оние луѓе кои стравуваат дека келнерот ќе им го собере тањирот иако не е целосно дојадено јадењето?  Всушност, тоа е нивната цел – да ја тргнат вашата чинија во истата секунда кога сте „завршиле“.

Целта е да се засрамите од празната маса и да мора да нарачате уште нешто.

Келнерот постојано ви ја полни чашата со вино

Понекогаш се чувствувате ли како келнерот да ве демне и постојано да ви ја надополнува чашата со вино без да ве остави да уживате во неа како што сакате? Тој всушност се обидува побрзо да ви го испразни шишето додека уште јадете, па да мора да нарачате уште едно.

trikovi-so-koi-se-sluzhat-vrabotenite-vo-restoranite-a-povekjeto-ne-gi-zabelezhuvaat-03.jpg

Скапите работи се кажуваат последни

Овој мал трик е измислен во Франција. Келнерот ви набројува вина со кои вие можеби и не сте многу запознаени, но за да не бидете некултурни или да се засрамите, вие автоматски го повторувате последното име кое сте го слушнале.

Но, последното име што келнерот го набројува, секогаш е и најскапото.

Бесплатните грицки се замка

Бесплатните грицки кои ви ги носат, секогаш ви изгледаат како совршен гест од ресторанот. Но, всушност тие тоа го прават за да предизвикаат жед. Грицки на нивна сметка, но кафето, виното, водата – тоа е на ваша сметка.

Исто така не се залажувајте со бесплатните десерти или коктели – тие само сакаат да ве задржат подолго и да сакате да пробате повеќе, што повторно ќе биде на ваша сметка.

trikovi-so-koi-se-sluzhat-vrabotenite-vo-restoranite-a-povekjeto-ne-gi-zabelezhuvaat-04.jpg

Нешто околу музиката

Ако побарате да ја намалат музиката, келнерите всушност нема да го направат тоа, но ќе ви кажат дека ја намалиле. И зачудувачки, на вас ќе ви изгледа како музиката да е потивка.

Зошто не ја намалуваат? Бидејќи кога музиката е погласна, поголеми се шансите да почнете да се движите во нејзиниот ритам и да јадете побрзо.

Келнерите не ги препорачуваат добрите работи, а ниту пак лошите

Ако келнерот навистина се труди да ве натера да нарачате нешто бидејќи ви го „препорачува“, тоа може да биде поради тоа што тој претходно ја згрешил нарачката на некого и сега мора да се ослободи од неа, или пак затоа што ќе добие бонус ако нарачате нешто конкретно.

Исто така, може да биде и поради тоа што јадењето содржи состојка на која ќе и помине рокот на употреба набрзо, па мора да се ослободи и од тоа јадење.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Храна, бензин: 11 трикови како да заштедите пари и платата да ви издржи до 1-ви „Дадете си задача еден месец да не фрлите ништо од храна. Кога бананите ќе почну...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg