Како се поздравуваат луѓето во различни земји во светот?
Секоја земја си има своја култура, јазик и свои препознатливи ритуали и традиции. Невозможно е да се научат сите јазици на светот, но кога патуваме некаде, убаво е барем да знаеме како да искажеме почит кон локалното население со нивниот својствен начин на поздравување.
Некои се бакнуваат трипати, некои двапати, некои се поклонуваат...
Во продолжение прочитајте некои од најуникатните поздрави на различните народи низ светот:
Тибет – поздрав со јазик
Тибетанците наместо „Здраво“, го исплазуваат јазикот или ги ставаат дланките покрај срцето во знак на мир и почит.
Филипини – “Mano“
Ритуалот наречен Mano (на шпански: рака) кај Филипинците значи дека на најстариот член од семејството му се бакнува раката, па се доближува кон челото.
Јапонија – Поклонување
Јапонците меѓусебно се поздравуваат со поклонување. Аголот и времетраењето на поклонувањето зависи од личноста со која се поздравуваат.
Оман – „Бакнеж“ со нос
Во Оман, мажите најчесто се поздравуваат со спојување на нивните носови едни до други.
Индија – Намасте
Познатиот јога-поздрав „Намасте“ потекнува од Индија и значи “моето срце го препознава твоето“.
Нов Зеланд – Хонги
Овој традиционален поздрав на Маорите е сличен како тој во Оман, само што тука мажите освен носовите, ги доближуваат и челата и се гледаат во очи.
Малезија – Гест со раце
Во Малезија, поздравот се изведува со допирање на прстите на другиот, а потоа доближување на дланките до нивното срце. Ова означува дека поздравот доаѓа од срцето.
Боцвана – Ракување во три дела
За да го изведете овој поздрав, потребно е да ја истегнете десната рака, левата дланка да ја ставите на десното рамо, па да ги споите прстите од дланката со дланката на другиот и да се ракувате. На крај, се кажува “Lae Kae“, што значи „Како си?“
М. В. | Црнобело