Совети од модна блогерка: Како да направите супер фотки на одмор?
Сите сакаме да имаме совршени фотки од летниот одмор кои ќе ги споделиме на профилите на социјалните мрежи.
А, кој би го знаел тоа подобро од модните блогерки? Ако ви требаат стручни совети, прочитајте што има да каже Ејми Сонг, модната блогерка која стои зад блогот Song of Style.
Осветлување
Доброто осветлување е најважната работа за една фотографија. Според Ејми, најдобар дел од денот за супер фотки е наутро точно пред изгрејсонце и навечер точно пред зајдисонце.
Зумирање
Опцијата на телефонот за зумирање го намалува квалитетот на фотографијата. Затоа, познатата блогерка советува да фотографирате нешто одблиску, па потоа ако има потреба да ја скратите фотографијата.
Опкружување
Паркови, фонтани, места од каде се гледа градот се одличен избор за фотка. Најдобар ефект ќе постигнете ако најдете начин да ве има и вас или вашите блиски во фотографијата.
М. В. | Црнобело