Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Пет чекори до поголема среќа и задоволство од животот

Се чувствувате незадоволно од животот и себеси? Стресот колку и да се трудите да го избегнете е тука покрај вас, како ваш верен сопатник? Сакате да се чувствувате подобро и позадоволно од животот?

pet-cekori-do-pogolema-srekja-i-zadovolstvo-od-zivotot-01.jpg

 Еве неколку чекори кои можете да ги следите за поголема среќа.

Забагодарете се некому

Уште во овој момент додека ја читате статијава: земете ливче со вас, заземете удобна положба, опуштете се и размислувајте за едно прашање. Кому денес би можел да се заблагодарам? Сетете се на три личности. И направете го тоа! Во текот на овој ден или наредниот, појдете кај овие личности и искажете им ја вашата благодарност.

Се прашувате можеби: „Добро, какво влијание ќе има ова на мојата среќа?“ Истражувањата покажуваат дека среќата не доаѓа само од нас, туку е одредена и од луѓето околу нас.

Колку пати ви било негативно променето расположението поради нервозата на луѓето околу вас? Колку пати иако сте биле пресреќни и презадоволни утрото, влегувате во просторија на стрес и истиот и вам ви се пренесува на расположението?


Водете дневник

По напорниот работен ден, застанете до најблиската книжара и од неа излезете со тетратка за пишување. Идејата на оваа тетратка е да стане ваш дневник и што е најважно, „издувен вентил“ за емоционалните случувања и стресните искуства.

Авторите на книгата „The happiness advantage“ откриваат дека, дневникот и впечатливото пишување, се корисни алатки за подобрување во многу различни животни аспекти, од вашето здравје, до успехот на работното поле и општата добросостојба.


Вежбајте

Наутро, по првото утринско кафе, дајте си простор од само 7 минути за утрински вежби и предработно истегнување. Ваквото утринско растегнување не само што ќе направи да се чувствувате расонети и подготвени за престојниот работен ден, туку и ќе ги покачи нивоата на позитивните хормони и ќе влијае на вашето добро расположение во текот на целиот ден.

pet-cekori-do-pogolema-srekja-i-zadovolstvo-od-zivotot-1.jpg

Медитирајте

Медитацијата за добросостојба не бара од вас да бидете долготраен јогин. Едноставно, најдете слободен период од барем 10-ина минути за да се посветите на кратко опуштање и освежување на умот.

Седнете со исправен ’рбет и затворете ги очите. Направете неколку полни вдишувања и обидете се колку можете да се релаксирате и за миг да заборавите на стресот и обврските. Ова опуштање ќе има позитивен ефект не само на вашата енергија и подготвеноста за справување со проблемите и обврските туку, ќе биде и извор на моментална добросостојба и задоволство.


Произволно направете добро дело

Правењето добро на други е еден од главните извори на среќа и чувство на исполнетост и истото, може да се изврши на многубројни начини. Некои дејствија на добрина можеби ви се чинат како незначителни, но тие може да бидат извор на голема среќа. Како што Махатма Ганди вели: „Речиси сè во животот што правите се чини неважно, но е неизмерно важно тоа да го правите!“.

Токму затоа, за оваа вежба потребно е произволно да одберете период од денот во кој ќе бидете подобар/а со луѓето околу вас и тоа, поаѓајќи од малите нешта. Посакајте среќа некому. Кажете пофален збор некому... Можностите се бесконечни, а изборот е ваш.

Би можело да ве интересира:

Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg