Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 начини на кои Фејсбук ви го уништува животот

Колку ви е Фејсбук навистина важен? Ако одговорот е „многу,“ можеби ова е вистинскиот момент да се загрижите.

5-nacini-na-koi-fejsbuk-vo-go-unistuva-zivotot-01.jpg

Луѓето кои поминуваат часови на социјални мрежи имаат многу поголеми шанси да се разведат од оние кои воопшто не ги користат или многу малку ги користат, наведено е во студијата објавена во магазинот „Computers in Human Behavior“.

Меѓутоа, тоа е само дел од проблемот. На кој друг начин социјалните мрежи може негативно да се одразат на вашиот живот?

Ја намалува вашата мотивација

Лајкувањето, шерувањето и давањето подршка на некоја хуманитарна акција на Фејсбук всушност ги намалува шансите да го донирате вашето време и пари за таа цел. Лајковите ќе ја задоволат вашата потреба за хумани гестови, ќе направат да се чувстувате подобро во врска со себе си но тоа полека ќе ја намали вашата мотивација да волонтирате и да помагате.


Ве заглупавува

Секој пат кога го проверувате вашиот профил подолго од 5 минути, потребни ви се 15 проценти повеќе време да дадете одговор на некое едноставно прашање.


Ве прави незадоволни

Колку што повеќе време поминувате на Фејсбук, толку помалку сте задоволни со својот живот. Ги гледате фотографиите од луксузните патувања на вашите Фејсбук пријатели, ги гледате забавните работи кои тие ги прават и неретко ќе помислите (сакале да признаете или не) колку вашиот живот е досаден и обичен.

5-nacini-na-koi-fejsbuk-vo-go-unistuva-zivotot-03.jpg

Ќе ви го уништи расположението

Повеќе време на Фејсбук значи и полошо расположение. Бргу ќе ви стане јасно дека залудно си го губите времето, но ништо нема да превземете. На тој начин ќе останете „заглавени“ пред мониторот добар дел од денот, наместо да направите нешто корисно.


Ќе бидете осамени

Набљудивањето на активностите на другите луѓе ќе направи да се чувстувате несреќно бидејќи самите не може да им се приклучите. Наместо да се слушнете со блиските, вие се допишувате со нив на чет? Бркате девојки преку Фејсбук наместо во дискотека? Со прекумерно користење на Фејсбук, полека го губите човечкиот допир.

Би можело да ве интересира:

Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg