Најслатката работа на светот - јаде по 130 чоколади неделно!

Алекс Емерсон Вајт е 27 годишна девојка која работи за компанијата Marks&Spencer и нејзина секојдневна задача е да ги пробува чоколадите, особено пред Велигден, кога се избираат најдобрите состојки за чоколадните јајца, зајчиња или прасиња.

taa-ja-ima-najslatkata-rabota-vo-svetot-jade-po-130-cokoladi-no-mora-sekoj-den-da-vezba-01

Неделно јаде по 130 чоколади или 5,9 kg за само 5 дена. За сметка на тоа секојдневно, пред работа оди во теретана и вежба за да може да ја одржи формата, но и здравјето.

Покрај тоа, патува низ цел свет за да ги одбере најдобрите состојки кои потоа ќе бидат донесени во Англија или Ирска, каде рачно се изработуваат формите од чоколадо.

Таа се залага за тоа дека производите треба да бидат еднакво неодоливи и вкусни како што изгледаат.

Ова се однесува особено на велигденските чоколадни јајца кои се рачно декорирани од страна на 12 вешти слаткари, се произведуваат во само 7500 примероци поради времето кое е потребно за изработка, а тежат еден и пол килограм.

Со оглед на тоа дека ја има највкусната работа во светот, воопшто не се жали, но треба да се има здрав желудник за секојдневно да се внесува толку многу чоколадо.

taa-ja-ima-najslatkata-rabota-vo-svetot-jade-po-130-cokoladi-no-mora-sekoj-den-da-vezba-1.jpg

taa-ja-ima-najslatkata-rabota-vo-svetot-jade-po-130-cokoladi-no-mora-sekoj-den-da-vezba-3.jpg

taa-ja-ima-najslatkata-rabota-vo-svetot-jade-po-130-cokoladi-no-mora-sekoj-den-da-vezba-5.jpg

Би можело да ве интересира:

Страшни сцени од работните места на луѓе за кои не сме свесни (а тие ги доживуваат) Ако вас понекогаш ве плашат многуте обврски и крајни рокови на работното место, ...
Фотки кои ќе ве утешат: Луѓе кои имале полош ден на работа од вас Скинати фармерки, но и колеги кои како да забораваат дека во канцеларијата има и...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...
Бонтон грешки со кои несвесно го иритирате персоналот во ресторан (и им ја отежнувате работата) Со едно кафе, седите по неколку часа и одите во ресторан кога е очигледно дека с...
10 фото-докази дека мажите и жените се навистина од различна планета „Му реков на сопругот да ми купи неколку штипки за коса додека е во маркет. Доби...
Бојадисајте ги велигденските јајца без хаос: Техника со ориз со која ќе се забавуваат и најмалите Бојосувањето јајца за Велигден може да биде вистински стрес ако имате мали деца ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg