Разбуди се со насмевка, животот е убав!

Разбуди се со насмевка, животот е убав! Погледни ја светлината на сонцето како влегува низ прозорецот само за да те помилува и да те разбуди топло.

razbudi-se-so-nasmevka-zivotot-e-ubav-2

Погледни го своето тело, тоа се движи, доволна причина да се радуваш што си жив денес.

Не прашувај се зошто повторно си се разбудил, која е причината поради која сè уште се будиш наутро, причина постои и секогаш ќе постои.

Таа причина си ти!

Стани, истегни се, почувствувај ја крвта како струи низ вените, почувствувај го мозокот како се активира под дејство на првата шолја утринско кафе.

Вдиши ја неговата пареа која ти го разубавува утрото, ти го исполнува просторот со топлина и познат мирис, кој му дава чувство на дом.

Не е секоја куќа дом, запомни, но само ти можеш да одлучиш дали ќе живееш во обична ладна куќа или убав топол дом.

Само ти можеш да одлучиш дали ќе се излежуваш после спиење стравувајќи од денот или ќе го зграпчиш толку силно што тој ќе започне да се плаши од тебе.

Започни го денот на десна нога, доколку веруваш во суеверија, секој мора да верува во нешто, за да постигне нешто.

Чекори десна, лева кон тушот и влези во него, наместо со жешка или ладна, денес истуширај се со млака вода, уживај во туширањето, а потоа чист и свеж испружи се на креветот гушкајќи ги чистите чаршави, впивајќи ја нивната миризба на тазе испрано.

Облечи ги твоите омилени парчиња облека, среди се и излези надвор.

razbudi-se-so-nasmevka-zivotot-e-ubav-3

Почувствувај го ветрето како го допира твоето лице, подобро речено и тоа те гали со својата дланка, покажувајќи ти колку се радува што си одлучил да го дружиш во остатокот од денот.

За крај, насмевни се, опушти се, вдиши длабоко, издиши, почувствувај го мирот кој те опкружува, погледни ја убавината која е околу тебе и здивни за момент.

Запомни дека не ги имаш ти сите проблеми во овој свет, запомни дека и доколку имаш проблеми секој проблем има свое решение, не едно, дури две, само треба да посакаш да го најдеш.

Радувај се што си жив и секогаш кога мислиш дека не можеш да издржиш повеќе, повторувај си дека мораш, барем уште денес и така секој ден сè додека не сфатиш дека ти веќе си издржал повеќе од потребно!

Легни си со насмевка, животот е убав!

Би можело да ве интересира:

Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg