После ова никогаш повеќе нема да лежите будни во кревет, сериозно!
Секому му се има случено да се разбуди доцна во ноќта и да лежи буден со отворени очи обидувајќи се повторно да заспие, превртувајќи се во кревет.
Во друг случај, секој се нашол во ситуација кога после будењето наутро си кажува себеси дека сака да полежи уште малку пред да стане од кревет и да го започне денот.
Но, сето тоа лежење во кревет после спиење има негативни последици врз организамот и психата за кои луѓето не знаат дека постојат.
Според истражувањата на Американскиот институт за здравје, докажано е дека голем процент на луѓето што лежат после спиење и чекаат повторно да заспијат размислувајќи, или го одложуваат станувањето од кревет наутро, често сонуваат кошмари и се борат со несоница.
Покрај тоа големи се шансите да се наруши степенот на вашата толеранција и често да избувнувате непотребно во разговори со луѓето околу вас. Исто така, постои можност расправиите во врската да зачестат, а вие да бидете постојано склони кон конфликти.
Сето ова може да ве доведе до депресија која сигурно не ја посакувате, а исто така желбата за секс ќе ви биде значително намалена.
Затоа, доколу сакате да го спречите сето ова негативно влијание, наредниот пат кога ќе се разбудите доцна во ноќта, пуштете тивка музика и обидете се да заспиете што побрзо.
Наутро пак, станувајте веднаш штом ги отворите очите без многу размислување.