10 совети за пријатно будење и среќен почеток на денот
Ако и вие сте дел од оние луѓе кои никако не можат да ги засакаат утрата и утринското будење, применете ги овие 10 совети кои ќе ви помогнат полесно да станете и да го започнете денот со повеќе енергија.
Особено почитувајте ги овие 10 одлични совети тогаш кога утрата се сиви и студени:
1. Наместете аларм
Алармот е најдоброто средство кое од соништата нè враќа во реалноста. Алармот не треба да биде до вашиот кревет, туку барем да 1 метар оддалечен од местото на кое спиете.
2. Одберете звук
Одберете звук кој најмногу ви одговара, како на пример омилената песна.
3. Напијте се вода
Ставете си едно шише вода до вашиот часовник или телефон кој ве буди и штом го исклучите напијте се вода.
4. Осветлете ја собата
Раширете ги завесите, подигнете ги ролетните и подотворете ги малку прозорците штом го изгаснете алармот. Нека ве разбуди утринската свежина и светлина.
5. Растегнување
Истегнете се до таванот, а потоа спуштете се до подот.
6. Појадувајте во удобна облека
Облечете си удобна облека додека пиете утринско кафе и појадувате. Дозволете си да ви биде удобно и надвор од кревет.
7. Слушајте музика и гледајте телевизија
Штом ги отворите очите, пуштете си ја омилената музика или гледајте некоја утринска програма.
8. Не заборавајте на утринските ритуали
Најчесто утринскиот ритуал на сите луѓе се состои во почнување на денот со чаша кафе или чај. Не дозволувајте си да го прескокнувате вашиот.
9. Разгалете се
Откако го исклучивте алармот, истегнавте телото и испивте кафето, опуштете се и разгалете се со топол туш.
10. Подгответе си ја гардеробата пред да легнете на спиење
Подгответе си ги сите работи кои ќе ви бидат потребни следното утро од вечерта, бидејќи така ќе се спасите од утринските нервози и брзања.