5 Ситуации во кои треба да си ја држите устата затворена
Постојат бројни ситуации во кои може да биде тешко да си ја држите устата затворена. Сепак во проблематичните околности нема баш многу смисла имплусивно да реагирате.
Само вдишете длабоко и размислете дали вашата моментална реакција, која планирате да ја изнесете надвор, ќе ја подобри или влоши ситуацијата.
Во следниве 5 ситуации најдобро би било да не реагирате на провокациите:
1. Ако со тоа ќе навредите некого, без реални шанси за решавање на ситуацијата или подобрување на односите
Можеби вас ви значи таа личност или односот со нејзе ви е значаен. Некои луѓе со љубезни, верни и голема поддршка, но истите можат многу брзо и лесно да се навредат и бурно да реагираат на критика.
2. Ако со тоа повредувате нечии чувства
Наместо да им кажувате на луѓето кои делови од телото не им се добри, на пример дека имаат лоша фризура, дека се дебели и слично. Фокусирајте се на нивните добри и привлечни атрибути, бидејќи така ќе изгледате како да ги напаѓате и ќе ги повредите нивните чувства.
3. Ако со тоа правите да изгледате љубоморно
Ако некој ви нуди конструктивна критика, оставете го егото на страна. Во такви ситуации подобро е ништо да не кажете и внимателно да слушате.
4. Ако со тоа само дополнително зголемувате нечиј бес
Кога некоја личност е под стрес и е нервозна, што и да кажете бескорисно е. Најдобро е да му дадете слобода на соговорникот да се изрази и дури тогаш можеби ќе биде отворен за вашите гледишта.
5. Ако тоа само дополнително го зголемува вашиот бес
Ако ја нападнете личноста која ве вознемирува, тоа ќе ги влоши работите. Емоциите најдобро е да ги држите на умерено ниво. Во спротивно, можете да реагирате на начин заради кои подоцна ќе зажалите.