Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


6 работи кои среќните луѓе ги прават секое утро

Престанете да се залажувате со мислата дека вие едноставно не сте утрински луѓе. Големите подочници и лошото расположение не зависат ниту од времето во кое си легнавте, ниту од времето во кое се разбудивте, туку од навиките.

6-raboti-koi-sreknite-luge-gi-pravat-sekoe-utro-01.jpg

Ако сакате постојано да се будите „на десна нога“ обидете се да ги примените овие 6 правила на луѓето кои се среќни од рано наутро.

1. Движете се

Да се движите не е исто со тоа да вежбате. Ако сакате да трчате уште во 6 часот наутро - одлично! Но, ако сте помрзливи, добро ќе ви дојдат и 10 минути растегнување.

Штом ги спуштите нозете на подот, истегнете го телото во неколку различни пози и натерајте ја крвта да струи два пати побрзо од вообичаено.


2. Медитирајте

Тивкото започнување на денот може значително да ви го промени животот. Дишете длабоко, запишете ги работите за кои сте благодарни или измислете нешто сосема ново што ќе ви предизвика внатрешен мир.


3. Воздржете се и не го проверувајте мобилниот и мејлот

Признајте дека тоа е првата работа која ја правите наутро. Уште пред да го допрете подот, мозокот веќе ви е полн со најразлични информации, пораки, фотографии, статуси кои и не се така важни.

Следен пат кога алармот ќе ви заѕвони, одолејте и на желбата да проверите колку пораки имате. По неколку часа ќе ја забележите разликата во денот.

6-raboti-koi-sreknite-luge-gi-pravat-sekoe-utro-02.jpg

4. Подгответе си вкусен појадок

Потребна ви е енергија која сигурно нема да ја добиете од шолја силно кафе. Идеалниот појадок треба да е лесен, но полн со витамини, протеини и јаглехидрати.

На пример, јогурт со житарки од цели зрна, омлет или банана со путер од кикирики.


5. Испланирајте го денот

Среќните и продуктивни луѓе настојуваат да го испланираат денот и да ги завршат работите кои треба да се завршени денес. Но, запаметете дека треба да си оставите простор за работите кои не секогаш може да ги предвидите.

Со кои предизвици сакате да се соочите денес? За што се чувствувате подготвени? Одговорете си пред да го започнете денот.


6. Не заборавајте да кажете „Те сакам“

Среќните луѓе ја искажуваат љубовта кон партнерот, децата, семејството и пријателите. Едноставно е. Кога сте во можност, подарете и една силна прегратка!

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg