Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што треба да си ветите во Новата година?

Колку пати пред доаѓањето на Новата година сте си рекле „ова што го направив годинава, сигурно нема да го повторам во наредната“? И тогаш повторно продолживте по старо...

sto-treba-da-si-vetit-vo-novata-godina-01.jpg

Обидете се со поедноставни ветувања. Не си поставувајте огромни цели кои ќе ви зададат главоболки уште на самиот старт од годината.

Започнете со мали, бебешки чекори.

Ова е нашата листа, вие слободно надополнете ја...

1. Оваа година нема да дозволам да ме малтретираат

Јас сум човек и затоа имам право да ме третираат со почит. Ќе се трудам тоа да го постигнам со самото тоа што ќе дадам почит.


2. Ќе бидам задоволен/на сам/а со себе

Важно ми да се чувствувам добро во своја кожа, што значи дека нема да се жртвувам за неколку килограми плус. Исто така не планирам да губам нерви околу работите кои не ми се допаѓаат кај мене, затоа што имам многу попаметни работи.

sto-treba-da-si-vetit-vo-novata-godina-02.jpg

3. Ќе ги почитувам различностите

Ќе се обидам да разберам дека сите луѓе се различни, дека имаат различно потекло, образование и живот.


4. Ќе бидам благодарен/на

Ќе кажам „благодарам“ на секој кој ќе направи нешто добро или ќе ми каже нешто убаво. Исто така, ќе се трудам да бидам благодарен/на на секој ден и на сè што ќе ми се случува.


5. Нема да се чувствувам виновно

Ако некогаш поминам цел викенд без да направам ништо, нема да се чувствувам лошо заради тоа.

sto-treba-da-si-vetit-vo-novata-godina-03.jpg

6. Ќе уживам во ситниците

Ветувам дека ќе уживам во храната, ќе ги слушам внимателно сите зборови, сите песни, ќе го ловам секој зрак сонце, ќе читам по барем една книга во месецот...


7. Ќе најдам време да им помогнам на другите

Не е важно за што се работи, ќе бидам тука за моите најблиски.


8. Ќе ги оставам сите очекувања во старата година

Луѓето растат, се менуваат и прават грешки, ќе се помирам со тоа. Нема да очекувам ништо од никој за да не останам повреден/а. Очекувања ќе ги насочам кон себе, затоа што само јас можам да се контролирам.

sto-treba-da-si-vetit-vo-novata-godina-04.jpg

9. Нема да се задоволувам со лоши врски

Се надевам дека еднаш засекогаш ќе разберам дека е подобро да си сам, отколку во лоша врска. Времето кое ќе го подарам некому сакам да биде заслужено. Ветувам дека ќе се трудам да имам исполнет љубовен живот кој нема да ме исцрпува.


10. Ќе живеам по сопствени правила

Нема да ја пратам топлата, ќе имам став и ќе го задржам со крај. Ќе слушам, учам, читам и така ќе го оформам сопственото мислење. Ќе научам да дадам аргументи, да имам лични интереси и да бидам свој/а.

sto-treba-da-si-vetit-vo-novata-godina-05.jpg

Би можело да ве интересира:

10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg