Луѓето се менуваат, прифатете го тоа!
Промената може да биде и позитивна работа, сте размислувале ли некогаш за тоа?
Ова се најчестите промени кои му се случуваат секому и кои секој треба да ги прифати, а не да ги игнорира и да се прави дека не ги забележува со чоколадо во рака, тагувајќи по старите добри денови пред телевизорот.
Кога партнерот сака слобода
Тоа не е ништо страшно посебно доколку сте во долга врска. Кога вашиот партнер сака слобода и простор во кој ќе може повторно да се пронајде себеси дозволете му го тоа, бидејќи во спротивно тоа делче слобода која тој ви ја бара може да премине во целосна доколку не ја добие.
Вашите пријатели имаат други пријатели
Не лутете им се на вашите пријатели ако влегле во друг круг на луѓе со кои започнале да излегуваат и да се дружат постојано. Гледајте на таа промена како на шанса за запознавање на нови личности и стекнување на нови пријателста со тоа што пријателите на вашите пријатели ќе станат и ваши.
Вашиот најдобар пријател стапил во врска или во брак
Повеќе не сте заедно по цел ден или не пиете толку често во ноќен клуб како порано, бидејќи вашиот пријател стапил во врска или брак. Гледајте на ова како на нормална животна промена и успех на вашиот пријател. Не заборавајте дека тој се труди да направи баланс помеѓу односот со вас и партнерот, а тоа и не е така лесна работа како што изгледа понекогаш.
Драга личност ве напуштила засекогаш
Не се работи само за раскинување со партнерот, оддалечување од вашиот пријател или пак напуштање на драга личност која заминала на другиот свет. Кога ова ќе се случи извадете го најдоброто од себеси псоле раскинувањето, бидете среќни бидејќи сте изгубиле лажен пријател и радувајте се што има некој кој ќе ве чува постојано на небото.
Кога самотијата е вашиот најдобар пријател
Како што се менуваат луѓето така се менувате и вие, созревате. Не плашете се од таа позитивна промена бидејќи кога ќе ја посакувате самотијата, тоа значи дека сте на добар пат да постигнете самоактуелизација, а тоа значи да се запознаете подобро себеси.
Откако ќе ја прифатите оваа промена и ќе ја искористите нејзината позитивна страна ќе научите како да се сакате и почитувате себеси повеќе од порано!
Како вие се справувате со промените во животот?