Отворено писмо до девојката на која и го украдов дечкото

Врската е место во кое може да постојат само две личности, но понекогаш се наоѓа некој трет кој сакајќи или несакајќи ќе ја уништи или пак од неа ќе направи љубовен триаголник од кој сите личности во него ќе излезат повредени и со скршено срце.

otvoreno-pismo-do-devojkata-na-koja-i-go-ukradov-deckoto-1

Ова е писмо од девојката која го украла дечкото на друга девојка, но сега сака да ѝ каже дека сепак тоа било погрешен потег за кој ќе се кае до крајот на животот.

„Здраво,

Би ти се обратила со драга, но искрено не те чувствувам како некој што ми е драг, повеќе чувствувам грижа на совест и жал кон тебе.

Не ти го знам ниту името, а веќе сум ти го уништила животот и сум го украла она што ти било најдрагоцено.

Сакам да ти кажам дека тоа беше лоша одлука која ја направивме јас и твојот дечко кој стана мој, но не остана со мене долго време, бидејќи ми го стори истото и мене со друга девојка.

Ме остави, на начин на кој што те остави тебе, кажувајќи ми дека не ме сака повеќе, со истите зборови со кои ти се обрати тебе пред мене откако ти наиде и не виде како водиме љубов во неговиот кревет.

Нема да те лажам, водевме љубов безброј пати, сигурно веќе знаеш бидејќи во последно време почна да го запоставува сексот со тебе, нели?

Причината за тоа бев јас, како што веќе сфати подоцна.

Но тоа беше погрешен потег за кој ќе се каам до крајот на животот, тоа беше грев.

Сакам да знаеш дека кармата постои навистина, а јас ја видов во лицето на нашиот заеднички дечко, сега веќе бивши.

Сфатив дека тој што гради среќа на туѓа несреќа, никогаш нема да биде навистина среќен.

Секоја вечер ќе си легнува на перница со грижа на совест знаејќи дека е причина за солзите на невина личност која била заљубена до уши.

Сакам да ти се извинам и да те замолам да ме мразиш помалку доколку е тоа возможно, сакам да ми простиш бидејќи и јас се заљубив исто како и тебе, но го сретнав него во погрешно време и на погрешно место.

otvoreno-pismo-do-devojkata-na-koja-i-go-ukradov-deckoto-2

Сакам да ја исфрлиш сета горчина од душата и желбата некогаш да ми се одмаздиш, бидејќи јас веќе ја добив својата казна која ќе ја плаќам цел живот, а тоа е нечистата совест.

Прости му и него бидејќи јас му простив, тој не е виновен што не знае да сака искрено и безрезервно само една девојка.

Тоа требаше да го разберам откако те остави тебе поради мене, требаше да предвидам дека доколку тоа го направил еднаш, ќе го направи повторно. Но знаеш, љубовта е слепа, мислев ме сака навистина. Мислев дека јас сум таа девојка која ќе го промени.

Но, сфатив дека тој никогаш нема да се промени, бидејќи можеби јас и ти сме девојки верни само на едно момче, но тој е момче на сиот женски род.

Те молам помири се со тоа што се случи и повторно отвори го срцето за оној вистинскиот кој никогаш нема да те изневери, ниту пак да те остави!

Биди поздравена!”

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg