Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 грешки кои богатите луѓе не ги прават: Знаат дека квалитетот не е евтин

Основната разлика помеѓу богатите луѓе и сите останати е умешноста при распоредување на парите.

5-greski-koi-bogatite-luge-ne-gi-pravat-znaat-deka-kvalitetot-ne-e-evtin-01.jpg

Авторот на книгата „Потенционален милионер“ разговарал со околу 150 богати лица кои откриле како до дошле до милионите кои ги поседуваат.

Плус, ги откриле 5-те грешки кои секој „обичен човек“ ги прави често и несвесно.

Обичните луѓе не се соочуваат со фактите

Ако не сте запознаени со личната финансиска ситуација и лошо управувате со парите, тие ќе ви минуваат низ рацете како песок. Во случај да сакате да го спречите тоа, пресметајте колку заработувате, а колку трошите. Најлошо што може да направите е да ги зголемувате долговите.


Премногу трошат

Иако мислите дека богатите се расфрлаат со пари, тие штедат многу почесто отколку што замислувате. Нивните инвестиции се прилагодени на нивната финансиска состојба. Тоа е клучот за успех.

5-greski-koi-bogatite-luge-ne-gi-pravat-znaat-deka-kvalitetot-ne-e-evtin-02.jpg

Не се прилагодуваат на финансиските животни можности

Успешните луѓе разбираат дека секоја животна промена со себе носи и финансиска промена, па соодветно на тоа знаат како да направат план. Зависно од планот, тие ќе согледаат дали нивната парична состојба напредува или станува помалку успешна.


Се фокусираат на штедењето, а не на заработувањето

Наместо да штедите на ситниците кои ви го разубавуваат денот, погрижете се да пронајдете дополнителен извор на пари. Богатите луѓе имаат лимит колку штедат, но никогаш немаат лимит за тоа колку заработуваат.


Го жртвуваат квалитетот заради ниските цени

Богатите разбираат дека поскапата опција е секогаш подобар избор заради издржливоста. Ако купите евтини чевли, многу брзо може да треба да купите нови. Но, ако вложите повеќе во еден пар, тој може да ве осигури за следните неколку сезони. Така е и со другите, многу поголеми работи во животот.

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
„30.000 денари не се многу пари да ги имаш, но се многу пари да ги должиш“ и уште неколку корисни со... „За нешто што си го направил, можеш да бидеш вознемирен 5 минути или 5 месеци, н...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg