Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што треба да направите за да бидете побогати и посреќни

Кога ќе го прифатите овој совет ќе ви се ослободи време за луѓето и проектите кои ви се важни. Вашите приоритети ќе се искристализираат, а продуктивноста ќе ви порасне.

eve-sto-treba-da-napravite-za-da-bidete-pobogati-i-posrekni-01

Во својата книга под насловот: „Моќта да се каже Не: Еден мал збор кој може да ви донесе здравје, богатство и среќа“, претприемачот Џејмс Алтушер вели дека не само што би требало да кажете „Не“ на некои работи, туку и на целокупната категорија на некои искуства и луѓе.

Постојат неколку штетни влијанија во вашиот живот и време е да научите да ги запрете.

1. Притисокот на околината

Кога бевме деца нè учеа само да бидеме добри и љубезни и да кажуваме „Да“ во сите ситуации. Тоа нè доведува до денешната ситуација да подлегнуваме на притисокот на колегите, институциите, шефовите, пријателите и семејството, да ги задоволуваме нивните потреби.

Треба да бидете љубезни, но не и да дозволите да ве газат. Алтушер советува кога ќе видите и ќе прифатите дека некој врши притисок на вас, одредете граница преку која нема да преминувате и до која цврсто ќе се држите.

2. Негативни мисли

Многу луѓе се построги кон себе, отколку кон другите. Итно би требало да престанете да се опседнувате со негативни мисли, а кога тоа ќе се случи едноставно помислете на нешто друго што ќе ви го одвлече вниманието.

3. Љубомора

Тешко дека некогаш ќе можете целосно да ја отстраните љубомората, но може да најдете начин да ја поставите во правилна насока.

Љубомората ви покажува што се случува внатре во вас. Таа никогаш нема врска со другите. Само ви помага да сфатите што сакате, а од што се плашите.

eve-sto-treba-da-napravite-za-da-bidete-pobogati-i-posrekni-2.jpg

4. Паника

Самиот автор е еден од оние кои се будат во 3 наутро, загрижени за денот што следи. Но, со паниката не постигнувате ништо.

-Кога ќе погледнам наназад, сфаќам дека ништо од тоа што ме загрижувало, не се случило – објаснува тој.

5. Немате среќа

Кога немате среќа, тоа нема врска со некоја клетва, туку со пристапот на животот и со тоа што не дозволувате нешто да ви се случи или затоа што пропуштате некоја можност.

6. Енергетски вампири

Секој во животот има луѓе кои го поддржуваат и оние кои го запираат на едно место. Колку побрзо ги подредите личностите според групата во која припаѓаат и одлучите колкаво време ќе им посветите, толку побрзо ќе може да се ослободите од негативната енергија.

7. Себичност

Ако сами на себе единствено се ставате на прво место, тоа е погрешен пат до успехот. Луѓето кои имаат исполнет живот се мотивирани со фактот да направат нешто за другите.

Кажете „Не“ на себичноста и суровоста. Тој советува да се обидете со една малку морбидна вежба и да пробате да се однесувате кон луѓето како тоа да им е последниот ден од животот, па да видите што ќе се случи.

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
14 вознемирувачки мисли кои ги имаат психопатите во глава (и ќе ве наежат) „Твојата болка не ми значи ништо“... За психопатите, гледањето на нечие физичко ...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg