30 работи кои секоја жена треба да ги знае: Научи да кажеш НЕ и да се израдуваш себеси

Паметното прекинување на разговорот е еднакво важно како и самото започнување, а правилната реакција во вистинско време е многу повредна од било кое зголемување на платата.

30-raboti-koi-sekoja-vistinska-zena-treba-da-gi-znae-nauci-da-kazes-ne-i-da-se-izraduvas-sebesi-01.jpg

Во моментите кога сè што сакате е да си го прегризете јазикот и да премолчите, пронајдете начин како да се справите со ситуацијата гордо и достоинствено.

Затоа што секоја вистинска жена мора да знае:

1. Да побара помош кога ѝ е потребна.

2. Како да си ги прегледа градите сама, и тоа редовно да го практикува.

3. Како да промени гума на автомобилот или барем да има број од личност која може да го направи тоа во секој момент.

4. Што треба да направи во моментот кога мобилниот телефон ќе се намокри (на пример, да го изгасне и да го остави во чинија полна ориз.)

5. Како да каже цврсто НЕ на елегантен начин, без некој да се посомнева дали тоа вистински го мислела.

6. Како искрено да каже „Извини.“

7. Како да пронајде излез од сите лоши врски, пријателства, работни места...

8. Кога да го прегризе јазикот, а кога гласно да проговори.

9. Како да преговара за зголемување на платата кога ќе ѝ се отвори можност.

10. Како да ја изгугла личноста со која ќе оди на состанок. Љубовен или деловен, неважно.

11. Да одбере свежо, вкусно овошје.

12. Да подготви и сервира вкусен оброк за себе или најавените гости.

13. Да ги исфрли непотребните работи од чантата.

14. Како да одбере и покани маж на љубовен состанок.

15. Да започне разговор со нормални прашања, на кои не се очекува да или не како одговор.

30-raboti-koi-sekoja-vistinska-zena-treba-da-gi-znae-nauci-da-kazes-ne-i-da-se-izraduvas-sebesi-02.jpg

16. Да заврши разговор кога е неопходно, на суптилен и ефикасен начин.

17. Како да спакува подарок така што некој едвај ќе дочека да види што има внатре.

18. Како правилно да држи бебе.

19. Да ја сокрие лошата фризура.

20. Да организира и резервира патување за одмор.

21. Кога и како да понуди помош на оние на кои им е неопходна.

22. Како да се облече соодветно на својата градба.

23. Да отвори шише шампањ.

24. Како да ја постави масата на интересен начин, без оглед на тоа колку јадењето е едноставно.

25. Искрено да се заблагодари без оглед дали тоа го прави лично или со порака.

26. Достоинствено да раскине - да го направи тоа лично, преминувајќи на целта, да одбере добар момент, да овозможи разумно објаснување и да одговори на сите прашања кои ќе следат.

27. Како секогаш да изгледа добро на фотографиите.

28. Како да пие алкохол без мамурлак наутро - ги знае своите граници, не пие повеќе од 3 чаши црвено вино, пие вода со жестоките пијалаци.

29. Како да подготви барем еден добар коктел.

30. Ја знае вистинската вредност на парите - не очекува дека за 1000 денари ќе купи удобни чевли, но знае дека од нив ќе подготви квалитетен ручек или ќе купи одличен подарок за блиска личност.

Би можело да ве интересира:

Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
6 идеи за уникатни новогодишни подароци (со кои не можете да згрешите) Производи со краток рок на траење, како вкусни колачиња, или работи што ќе ја ра...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg