15 ситници за полесно преживување на овој понеделник
Затоа што понеделникот е почеток на новата работна недела исполнета со обврски, стрес и набиен распоред, потребна ви е поголема енергија од вообичаено.
Па, наместо да го наполните организмот со кофеин за да го издржите овој понеделник, потребни ви се само неколку ситници...
1. Без одложување. Додатните 10 минути можеби ви звучат примамливо, но имаат спротивен ефект. Станете порано и дајте си време за прилагодување на светлината и гужвата.
2. Помирисајте го омиленото цвеќе, тоа е првата работа која може да ве направи посреќни.
3. Средете го креветот. Фактот дека сте ја завршиле оваа задача ќе ве натера да се чувствувате мирно и спокојно.
4. Внимателно одбирајте ги боите, посебно оние кои ги носите на вас. Жолтата чанта, зелената марама, црвената кошула или виолетовите чевли може да ви го променат расположението на подобро.
5. Појадувајте квалитетно. Овесните снегулки ќе ви помогнат да се чувствувате помалку стресно, а свежото овошје ќе ви го разбуди организмот многу подобро од шолја црно кафе.
6. Слушајте музика. Во автомобил, во автобус, на точак, додека одите пешки...
7. Почeстете се со мафин. Деновите кога ништо не ви оди од рака се совршени за прескокнување на здравата исхрана. На пример, чоколадниот мафин или омилениот милкшејк може да ви го обојат светот во розово за неколку секунди.
8. Погалете се со кое било кутре. Ако имате куче за миленик, одвојте барем 10 минути за мирно галење на фотелја, а доколку живеете без миленик, погалете се со кучето бездомник кое го гледате секој ден.
9. Прошетајте до местото каде има највкусно кафе. Пешачењето од 10 минути искомбинирано со вкусно кофеинско задоволство може да е многу попримамливо од кафето испиено пред компјутер.
10. Изненадете ги колегите со сочен оброк или слатки. Без причина изнудете насмевка на сите лица околу вас.
11. Направете пауза и јавете им се на пријателите. Искористете ги слободните 5 минути за да се слушнете со пријателите на кои не успеавте да им се јавите изминатиов викенд и направете план за вкусна заедничка вечера.
12. Пронајдете си филм кој сакате да го изгледате денес, штом се вратите од работа. Нема ништо поубаво од излежување во понеделник!
13. Прошетајте низ околните продавници. Можеби ќе откриете дека омилените чевли или омилената кошула е на попуст.
14. При крај на денот, овозможете си топла купка со мирис на ванила, чоколадо, јагоди...
15. Не ги заборавајте омилените пижами! Вовлечете се во нив и спокојно издишете... Понеделникот конечно заврши!