Зошто повеќето авиони немаат 13-ти ред?
Стравот од петок 13-ти е длабоко вкоренет во културата на западната цивилизација. Многу луѓе на петок 13-ти не одат на работа или не сакаат да прават ништо важно.
Една американска студија дошла до заклучок дека на тој ден американската економија губи милиони поради масовното суеверие.
Поголемиот број хотели и високи згради немаат 13-ти кат или 13-та соба, туку после 12 следи бројот 14.
Суеверието поврзано со несреќниот број 13 е длабоко вкоренето и во авијацијата, а има дури и силно влијание на посебни аспекти во авиосообраќајот.
Повеќето авиокомпании за да не ги плашат своите суеверни патници го избегнуваат обележувањето на редовите и седиштата со бројот 13, бидејќи многумина одбиваат да купат карта со овој број.
Но, има и такви кои не се воопшто суеверни и отсекогаш го имале бројот 13 во своите авиони. Меѓу таквите се и Air Serbia и Etihad.
Кинеските авиокомпании, пак, имаат сосем други омразени и несреќни броеви, но нивното обележување е на поинаков начин и не може да се открие што точно се избегнува или прескокнува.
Би седнале во 13-от ред на авионот?
Би можело да ве интересира:





