Џастин Бибер ја потврди веридбата: „Хејли Болдвин, ти си љубовта на мојот живот!“

justin-bieber-ja-potvrdi-veridbata-hailey-baldwin-ti-si-ljubovta-na-mojot-zhivot-01.jpg

Деновиве се ширеа гласини дека Џастин Бибер се верил со неговата девојка Хејли Болдвин на Бахамите, а таа го покажа прстенот со кој пејачот ја запросил.

Сега, тоа веќе не се гласини, со оглед на тоа што Џастин објави две фотки на Инстаграм и напиша долг опис за љубовта кон Хејли:

„Ќе почекав некое време за да кажам нешто за ова, но вестите брзо патуваат. Хејли, презаљубен сум во сè што е поврзано со тебе! Посветен сум на тоа да го поминам животот запознавајќи го секое делче од тебе, сакајќи те трпеливо и нежно.

Ти ветувам дека ќе го водам нашето семејство со чест и интегритет, дозволувајќи Исус преку Светиот Дух да нè води низ сè што ќе поминуваме и низ секоја наша одлука. Моето срце е полно и целосно твое и секогаш ќе те ставам тебе на прво место. Ти си љубовта на мојот живот Хејли Болдвин и не би сакал да го поминам со никој друг.

Ме правиш подобар и се надополнуваме заеднички. Едвај го чекам најдобриот период од животот. Интересно е тоа што сега со тебе, сè има смисла! Она што најмногу ме радува, е што моите мали брат и сестра ќе имаат можност да видат уште еден стабилен брак и ќе го бараат истото!

Божјото време е буквално совршено, се веривме на седмиот ден од седмиот месец, а бројот седум е број за духовно совршенство, вистина е гуглајте го! Нели е тоа лудо? Инаку, не го планирав тоа, но сепак добро е чувството да знам дека иднината ни е сигурна. Оној кој ќе најде сопруга, наоѓа добро нешто и добива благодат од Бог.“

View this post on Instagram

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber)

М. М. | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg