Емра Куртишова за CRNOBELO лексикон: „Татко ми ми беше и ќе остане мојот идол“
16. Најголема беља што си ја направила во детството?
Несакајќи скршив знакче мерцедес од хауба, па ни дојдоа на врата да ни кажат дека штетата чинела 20 марки, ама по комшиска линија ни ги простија.
17. Дали некогаш си се степала?
Да, само со сестра ми (редовно како помали).
18. За која твоја навика потајно се надеваш дека никој не ја забележува?
Како мала гризев нокти и мислев дека никој не забележува, сè до денот кога изедов шамар од наставничката.
Оттогаш на памет не ми паднало да ставам нокт во уста.
19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакала да се вратиш?
Детството, доба на безгрижност.
20. Што немаш, а би сакала да имаш?
Не е идеално, но, задоволна сум од сè што имам досега.
Тоа што го немам, ако треба да го имам ќе си дојде...
21. Од што се плашиш?
Болест и смрт.
22. Кој ти беше прв симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?
Марко ми беше прв симпатија. Поим немам каде е човекот и што прави во животот.
23. На која песна откачуваш во кафеана?
На секоја староградска.
24. Најдобро потрошени пари во животот?
Нема поубаво од тоа да потрошиш за нешто што ќе ти ги наполни очите со убавина. Патување, дефинитивно!
25. Кое е најубавото место на светот?
Онаму каде што можеш да бидеш свој, без грижи и ограничувања.
26. Кој е најсмешниот комплимент што некогаш си го добила?
Дека добро зборувам македонски.
27. Една работа за која се каеш во кариерата/животот...
Во кариерата, па и во животот нека биде, тоа што понекогаш оддавам почит кон луѓе кои не заслужуваат.
Најверојатно тоа е од дома, така сум воспитана.
Но, со оглед на времето во кое живееме очигледно дека погрешно ме воспитувале.
28. Што си помисли по првиот бакнеж во животот?
Ако ова е тоа, тешки глупости...
29. Од што се срамеше најмногу во детството?
Бев магнет за вошки, често си ги „трампавме“ во забавиште.
Се срамев и кога мајка ми ме издаваше на комшивките дека плачев додека таа ги убиваше.
Што би го прашала сопственикот на овој лексикон?
Емра: Имаш ли симпатија? Се зезам (ха-ха)! Само би ти посакала многу здравје и да уживаш во сето она што ти прави задоволство.
CRNOBELO.com: Ти благодариме, да се враќа дупло. П.С. Животот без симпатија не е забавен (ха-ха).
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
фото: Приватна архива, Инстаграм
Би можело да ве интересира:





