Најинтересните игри на Фејсбук

igri-na-facebook-povekjeСигурно поминувате долги часови безделничејќи на Фејсбук користејќи секакви бескорисни апликации. Зошто тогаш да не пробате и да си го направите...

 

...поминатото време интересно со некоја од овие игри:

igri-na-facebook

Who has the biggest brain?

Една од најпопуларните игри на Фејсбук може за својата популарност да се заблагодари на една од основните човечки особини: зависта. Не би си допуштиле некаде да пишува дека вашите пријатели имаат поголем мозок од вас, зар не? Епа, во тој случај морате многу многу да вежбате и да играте логички игри во оваа апликација за вие да бидете на прво место т.е. најпаметните помеѓу вашите пријатели.

Parking mania

Знаеме дека оваа игра сме ја виделе секаде, на секоја можна платформа и во сите можни верзии, но едноставно е навистина забавна и интересна. Ако ги погледнете топ листите, стварно нема да ви биде јасно како некои луѓе ги паркираат автомобилите на практично невозможни места за неколку секунди. Одговорот е едноставен - вежба, вежба и само вежба.

Pet society

Се поголем замаф помеѓу најпознатите Фејсбук игри. Целта на играта е да го чуваш своето милениче, да го бањаш, храниш, чистиш, да му купуваш јадење, облека, намештај и луксузни работи. Но, од каде пари за ова? Одиш да ги посетуваш миленичињата на твоите пријатели и да се дружиш, бакнуваш и гушкаш со нив, одиш на стадион да се тркаш за награди... Вистинска зараза!

Životinjsko carstvo

Оваа игра многу звучи како албумите кои ги собиравме во детството! Да, тоа е тоа! Албумите кои ги собиравме како деца сега ги има на Фејсбук и нивната вечна популарност ја докажуваат и 140.000 активни корисници на апликацијата кои секојдневно разменуваат сликички со своите пријатели.

 

Доколку ни една од овие игри не ви фаќа око, тогаш на igri.crnobelo.com сигурно ќе најдете нешто по ваш вкус.

Би можело да ве интересира:

Тест на личноста: Изберете една куќа и дознајте зошто не сте среќни Што ве кочи на патот до среќата? Која е таа една карактеристика која треба да ја...
Визуелен предизвик: Пронајдете го мрзливецот со бебе на илустрацијата Како се снаоѓате со визуелните предизвици? Пред вас е еден забавен, ќе погодите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg