Кендал Џенер во лошо испланиран фустан, се разголе повеќе од потребното (фото)
- Детали
- среда, 12 септември 2018
Kендал Џенер важи за еден од најбараните модели во светот, а каде и да се појави таа не останува незабележана.
Во вторникот, Кендал беше почесен гостин на 70-тата годишница на Longchamp во Париз, а со нејзиниот изглед таа ги привлече сите погледи кон неа.
Џенер се појави со храбар стајлинг, облечена во гламурозен фустан од чипка кој е речиси целиот проѕирен, а одоздола носеше кратки тесни шорцеви со висок струк.
Со длабоко деколте и речиси целосно откриена кожа Кендал изгледаше совршено, но еден детаљ им „падна“ на сите во очи, а тоа е откриената града на проѕирниот материјал кој не е соодветно покриен.
Независно дали грешката е намерна или случајна - Кендал знае како да се носи со тоа:
М. М. | Црнобело