Играј, играј за Вардар! Секој тикет на кој се наоѓа натпреварот на Вардар го зголемува фондот на Mozzart за донација на овој фудбалски клуб!
- Детали
- четврток, 18 март 2021
Компанија Mozzart се придружи кон акцијата на Комитите за спас на шампионот – уплати тикет со натпреварот Вардар – Шкендија (сабота, 15 часот) во Mozzart и помогни на актуелниот шампион во борбата со тешката финансиска ситуација.
На трибините одамна не одекнува „ајде ајде Вардаре“, но постои начин да се даде голема поддршка – со секој уплатен тикет на кој се наоѓа натпреварот на славниот скопски клуб во наредниот период, компанија Mozzart го зголемува фондот за донација на „црвено – црните“, кои се борат со тешка финансиска ситуација! Регионалниот лидер во игри на среќа се придружи на навивачката група Комити во акцијата за спас на Вардар, а не е важно како ќе типувате, важно е само да го имате одиграно овој натпревар на вашиот тикет. Играј, играј за Вардар!
Прва прилика да се помогне на Фудбалскиот Клуб Вардар е веќе во сабота, на 20 март од 15:00 часот, кога „црвено-црните“ на свој терен jа дочекуваат Шкендија. Дуелот од 24. коло на ПМФЛ со лидерот во шампионатот ќе биде голем предизвик за актуелниот шампион, кој во моментов е на осмата позиција на табелата и се наоѓа во лоша форма.
Оваа акција е добра шанса играчите да почувствуваат поддршка од своите навивачи во овие тешки моменти, а што повеќе тикети има со овој натпревар, износот на донацијата на Mozzart ќе биде поголем.
„Благодарност до нашите навивачи кои ја иницираа акцијата за спас на Вардар, како и на компанијата Mozzart која им се приклучи. Тоа ни дава надеж дека можеме да го спасиме клубот и да продолжиме да го правиме тоа што најдобро го знаеме – да играме за овој клуб со поддршка од нашите фанови и навивачи. Голема благодарност до компанија Mozzart која секогаш посветува големо внимание на општествено одговорните акции. Се надеваме дека што повеќе играчи ќе одговорат на оваа акција, ќе пополнат тикет и ќе го стават натпреварот кој го играме, и со тоа ќе придонесат кон фондот на Mozzart кој ќе ни го донираат.“ – изјави капитенот на ФК Вардар, Дејан Блажевски.
Вардар 12 пати ја освојуваше титулата првак и шест пати националниот куп, и е единствен македонски клуб кој изборил пласман во групната фаза во едно од двете најеминентни европски натпреварувања - Лига Европа, а сега се бори не само за опстанок во лигата, туку и за опстанок на целиот клуб. Оваа акција е одлична можност за навивачите да го поддржат клубот во период кога заради епидемиолошката ситуација не можат тоа да го направат на Градскиот стадион.
„Компанија Mozzart е препознатлива во јавноста како некој кој нуди континуирана поддршка на спортските колективи и поединци низ разни проекти. Со акцијата „Хуманитарен тикет за викенд“ помагаме на различни установи и организации, а сега секој тикет на кој е натпреварот на Вардар, ќе биде хуманитарен тикет, за помош на славниот клуб кој поминува низ тежок период. Се надеваме дека оваа акција ќе има голем одзив и дека Вардар ќе добие значајна помош од нашиот фонд за солидарност.“ – истакнаа од менаџментот на компанија Mozzart.