Ново: KFC delivery - Отсега, бесплатна достава на највкусното пилешко до твојот дом

KFC Македонија, како лидер на македонскиот пазар кога станува збор за крцкаво пилешко, воведе сопствена достава на територијата на Скопје и Тетово. Со цел на сите љубители на пилешкото, на различни локации низ градот, да им се овозможи на лесен начин да дојдат до вкусните специјалитети, доставата ќе се врши бесплатно.

novo-kfc-delivery-otsega-besplatna-dostava-na-najvkusnoto-pileshko-do-tvojot-dom-03.jpg

Процесот на достава е спроведен според познатите глобални стандарди на франшизата за контрола на квалитет, хигиена и безбедност на храната. Секој доставен оброк ги почитува главните принципи на брендот - свежо направено, брзо и безбедно доставено! Притоа, особено внимание е посветено на вопоставување минимален контакт во целиот процес, од подготовка до достава, што е особено важно во обидот за запазување на мерките за безбедност. За целите на доставата, компанијата обезбеди професионални возила кои ќе овозможат брза и сигурна испорака.

novo-kfc-delivery-otsega-besplatna-dostava-na-najvkusnoto-pileshko-do-tvojot-dom-01.jpg

Од КФЦ велат дека лансирањето на сопствена достава е уште еден начин да дојдат поблиску до своите потрошувачи и да ги направат нивните специјалитети достапни за секого, во секое време, на секоја локација.

„Нашата филозофија е на нашите гости да им понудиме вкусно и лесно решение за квалитетен оброк, како и брза и безбедна услуга. Со новата платформа за достава, која е целосно менаџирана од KFC тимот, омилените оброци ќе им бидат достапни на сите љубители на KFC до нивната адреса за просечно време од 30мин. Целиот тим работи на обезбедување врвна услуга според глобалните стандарди на франшизата, се со цел да им понудиме нова вредност на нашите гости и да бидеме поблиску до нив”.

novo-kfc-delivery-otsega-besplatna-dostava-na-najvkusnoto-pileshko-do-tvojot-dom-02.jpg

Нарачките ќе се одвиваат онлајн, преку веб-страницата delivery.kfc-mk.com, која е практична и лесна за употреба и овозможува следење на статусот на нарачките, а за поголема флексибилност, ќе има можност за плаќање со кеш или картичка. На потрошувачите дополнително ќе им бидат понудени ексклузивни промоции кои ќе бидат достапни само преку овој канал, а за лојалните корисници се подготвуваат голем број на поволности.

КФЦ Македонија како еден од најиновативните брендови во државата уште еднаш покажа дека е во чекор со сите трендови и секогаш наоѓа начин да го одржи високиот стандард на работење и услужување.

Посетете ја веб-страницата за нарачки на следниот линк и уживајте во вкусен и крцкав оброк од удобноста на вашиот дом.

novo-kfc-delivery-otsega-besplatna-dostava-na-najvkusnoto-pileshko-do-tvojot-dom-04.jpg

novo-kfc-delivery-otsega-besplatna-dostava-na-najvkusnoto-pileshko-do-tvojot-dom-05.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg