Миро Кацаров: „Игор Џамбазов е уморен од водење, дајте бе луѓе млади водители“

Во претходната сезона се дружевме со дел од нашите актуелни водителки, а оваа сезона ќе ги испочитуваме момците. На тема „Конкуренција“ зборуваме со Антонио Димитриевски, Миро Кацаров, Драган Б. Костиќ и Бојан Гиевски, едни од времето кога како медиум постоеше само телевизијата, а останатите од новото дигитално време. Што значи да немаш конкуренција, а што значи да се натпреваруваш со истата?

miro-kacarov-igor-dzhambazov-e-umoren-od-vodenje-dajte-be-lugje-mladi-voditeli-01.jpg

Според Антонио, конкурентен си толку колку што си валоризиран и платен, а во Македонија се плаќа според тоа во која партија си и кој ти е близок, истакна тој. „Конкуренцијата кај нас е поим кој не функционира“.

Легендарниот Драган Б. Костиќ смета дека својот „маратон“ го истрчал и сега им остава простор на другите да се докажат, тој со конкуренцијата многу не се занимава затоа што смета оти за вредноста за она што го направил треба да судат други. Кратко и јасно, тој е задоволен затоа што е препознатлив по она што го сработил во својот живот.

miro-kacarov-igor-dzhambazov-e-umoren-od-vodenje-dajte-be-lugje-mladi-voditeli-02.jpg

За Миро Кацаров конкуренцијата е добра работа затоа што на тој начин, преку нив, гледа каде греши, каде треба да се поправи и до каде стигнал. „Со конкурецнијата си подобар ако си ентузијаст, ако знаеш што сакаш во животот, ако не си љубоморен и не си идиот, има луѓе што не сакаат конкуренција сакаат само они да се“ рече тој. Во Македонија постојат и водители кои не сакаат своите колеги да ги повикаат во својата емисија ако истата е слична на нивната. Миро нема проблем да каже дека тој добрите проекти ги гледа за да научи нешто ново од нив.

miro-kacarov-igor-dzhambazov-e-umoren-od-vodenje-dajte-be-lugje-mladi-voditeli-04.jpg

Ако си оригинален конкуренија не можеш да имаш. Бојан Гиевски смета дека секој водител има различна енергија и емисијата ја води на сопствен начин, ривалство во оваа работа не треба да постои.

miro-kacarov-igor-dzhambazov-e-umoren-od-vodenje-dajte-be-lugje-mladi-voditeli-03.jpg

Учителите треба почесто да ги предизвикуваат на двобој своите ученици за тие да не скршнат од патот, Костиќ не е задоволен од тоа како младите генерации ја работат својата работа во радијата. Тој откри дека во Македонското радио не можел да биде вработен поради недостиг од соодветно музичко образование, па како хонорарец го држеле 22 години и 8 месеци.

Гледајте „Нешто конкретно“ со Снеже Велков секоја недела во 17.00 часот на Телма.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg