Биди дел од неверојатното искуство ова лето со спој на електронска и класична музика и мултисензорно доживување

Уште едно музичко лето во најава, случување со разновидни содржини, а во фокусот на вниманието – концерт на оркестарот на Македонската филхармонија под водство на маестро Џијан Емин со кумот на техно музиката Хуан Аткинс. 2ри Август, Антички Театар е местото на кое задолжително мора да бидат сите љубители на добриот звук, а таму не очекува Џијан Емин, оркестарот на Македонска Филхармонија и Juan Atkins.

bidi-del-od-neverojatnoto-iskustvo-ova-leto-so-spoj-na-elektronska-i-klasicna-muzika-i-multisenzorno-dozivuvanje-01.jpg

Покрај исклучителниот спој на електронска и класична музика, настанот ќе понуди и единствено ласерско шоу, игра на светла и мултисензорно доживување.

Џијан Емин, прв хорнист во Македонската филхармонија, член на неколку македонски бендови, меѓу кои Архангел, композитор, диригент, оркестратор, човек со многу таленти и кој зад себе има многубројни настапи, особено забележителни концертите со Дерик Меј, во Македонија и надвор од земјава, или оние под отворено небо со Македонската филхармонија посветени на Дејвид Боуви, Пинк Флојд и последниот настап со неверојатниот Феми Кути. Овој пат со музичката продукциска куќа Излет мјузик продакш подготвуваат неверојатен спектакл под отворено.

Продолжение на успешната приказна на Џијан Емин и Огнен Узуновски Оги од продукциската куќа Излет Мјузик, започна во 2014 година со спектакуларен концерт на пионерот на техно сцената Derrick May и која ја преселија во Гент (Белгија), Париз и Ница (Франција), Детроит (САД) и Мелбурн (Австралија), продолжува и ова лето, а овој пат на сцената со Џијан, Juan Atkins.

bidi-del-od-neverojatnoto-iskustvo-ova-leto-so-spoj-na-elektronska-i-klasicna-muzika-i-multisenzorno-dozivuvanje-02.jpg

bidi-del-od-neverojatnoto-iskustvo-ova-leto-so-spoj-na-elektronska-i-klasicna-muzika-i-multisenzorno-dozivuvanje-05.jpg

Juan Atkins е еден од креаторите на техно музиката, кој заедно со Derrick May и Kevin Saunderson го формирале познатото трио, The Belleville Three. Со големо влијание во светот на елек­трон­ска­та му­зи­ка ка­де што е приз­нат ка­ко еден од пи­о­не­ри­те со епи­тет „the originator“ зад себе има повеќе од 20 изданија и 30годишна кариера со многубројни настапи ширум светот. Во неговата музика може да се забележи многу енергија, неверојатен сјај, богатство од мелодии, впечатлива ритмичка пулсација, или со еден збор мултисодржинска.

bidi-del-od-neverojatnoto-iskustvo-ova-leto-so-spoj-na-elektronska-i-klasicna-muzika-i-multisenzorno-dozivuvanje-04.jpg

bidi-del-od-neverojatnoto-iskustvo-ova-leto-so-spoj-na-elektronska-i-klasicna-muzika-i-multisenzorno-dozivuvanje-03.jpg

Овој настан е поддржан и од Neuland, мултисензорната платформа, посветена да создава необични музички и уметнички искуства. Според многумина Neuland Sensorium, настанот за 2017 година, кој се одржа во ноември во Мала Станица беше кулминација на соработката помеѓу мултисензорната платформа и маестро Џијан Емин и ги помести границите на добрата забава во градот нудејќи досега невидени интерпретации на звукот, вкусот и визуелните уметности. По оваа соработка помеѓу Neuland и Џијан Емин, како и годинешната соработка помеѓу Neuland и клубот Сектор 909, Neuland се појавува како поддржувач и на овој спектакуларен настан.

bidi-del-od-neverojatnoto-iskustvo-ova-leto-so-spoj-na-elektronska-i-klasicna-muzika-i-multisenzorno-dozivuvanje-06.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg