Дарко Влогс со солзи во очите: „Сакав да си го спасам вториот брак, па ја повредив ногата и не можев да возам камион - затоа ме снема“
Паднал од скејтот и го повредил коленото и стапалото. Повредата била навистина сериозна, а на стапалото имал дупка, „дури до коска“, како што вели самиот.
„Не можев ниту патики да облечам, а не пак да возам камион“, вели Дарко и со солзи во очите вели дека морал да ја прифати реалноста дека повеќе нема да може да вози камион.
Со сите приватни проблеми, како и брачниот живот кој му страдал затоа што не бил доволно посветен, Дарко си дал задача прво на неколку дена, па на месец, па на подолго време да биде тргнат од Инстаграм и тоа позитивно му влијаело.
Влијаело позитивно како на неговото ментално здравје, така и на бракот со Даниела.
Кога не возел камион ја доживеал убавината на смирениот брачен живот постојано да се буди дома, редовно да се тушира и да спие во сопствениот кревет.
Во меѓувреме тој ослабел, бил дел од многу семинари, обуки и се барал себеси.
Оваа исповед на Дарко доаѓа пред започнувањето на новата етапа од неговиот живот, каде Дарко открива дека ќе се занимава со работење во гејминг индустријата.
Но, неговата „Фросе“ засекогаш ќе му остане во срцето.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





