План за исхрана: Ден 25 - за појадок овесна каша со семки, за вечера мисиркино на кинески начин
Појадок: овесна каша со семки
50 g овес во зрно го вариме 10 минути додека да омекне добро. Откако ќе се свари додаваме 2 супени лажици мелено ленено семе, 2 лажици ленено масло, 15 g семки од тиква, сусам и сончоглед и сето ова добро го промешуваме со 1 канче кисело млеко Balans+. 1 голема шолја кафе
Ручек: Јунешко со зеленчук
Mесото се сече на големи коцки и се пече од сите страни, додадете сол, зачини - мајчина душица, магдонос. Покријте и оставете на тивок оган околу половина час, додадете неколку големи глави исечкан лук. Од зеленчук се служи со модар патлиџан, тиквичка и пиперка.
Ужинка:
1 среден портокал и шолја зелен чај
Вечера: Мисиркино на кинески начин
Кинеската зелка или обична, околу 200 g пржете ја кратко во врело масло неколку минути, па додадете го мисиркиното месо 150 g, исечкано на лентички и динстајте и на крајот на готвењето додадете малку сиров сусам. На крај полијте со домашен прелив од маслиново масло, една мала лажичка мед, лимон и бибер.
Кликнете ТУКА за ден 24 од исхраната.
Кликнете ТУКА за општите правила и насоки во врска со овој план на исхрана.
Кликнете ТУКА за ден 26 од исхраната.
Автор: Александра Пренџова
Дипл. нутриционист и технолог по исхрана