План за исхрана: Ден 24 - за појадок песто брускети, за ручек пилешка чорба
Појадок: Брускети со песто, моцарела и маслинки
Три интегрални лепчиња ги потпекуваме во рерна на 180 степени околу 15 минути , прво намачкани со маслиново масло, песто, па рендана моцарела и ситно сечкани маслинки. Се јаде со 150 g Balans+ кисело млеко. 1 голема шолја кафе
Ручек: Пилешка чорба со салата
Сварете на тивок оган 50 g пилешки гради исечкани на ленти во две шолји пилешки бујон со 5 исечкани млади моркови, една дршка исечкан целер и една лажичка свежо исечкан магдонос. Варете додека пилешките гради и зеленчукот не омекнат. Додадете како прилог на чорбата шолја обарен грашок (може и вариво) и половина исечкан домат.
Ужинка:
1 крушка и шолја зелен чај
Вечера: Киноа со зеленчук и моцарела
½ чаша варена или из‘ртена киноа, ½ тиквичка, 1 зелена пиперка, 50 g моцарела во вода 1 лажица маслиново масло, малку хималајска сол и зачини по желба
Подготовка: Киноата се вари претходно откисната во вода, зеленчкукот настрана се пропржува со кромид и зачини, се соединува и се додава сечканата моцарела. Може и да се потпече. Зачини по вкус.
Кликнете ТУКА за ден 23 од исхраната.
Кликнете ТУКА за општите правила и насоки во врска со овој план на исхрана.
Кликнете ТУКА за ден 25 од исхраната.
Автор: Александра Пренџова
Дипл. нутриционист и технолог по исхрана