План за исхрана: Ден 17 - за појадок овошје, за ручек ќофтиња од наут
Појадок: Balans+ и овошје
Измиксајте 250 g Balans+ со една средна банана, 4 излупени ореви и една лажица мелено ленено семе. 1 голема шолја црно кафе
Ручек: Вкусни ќофтиња од наут и зеленчук
150 g наут (киснат во вода преку ноќ), 1 јајце, 1 лажица маслиново масло, ½ тиквица (изрендана и исцедена од водата), малку млад кромид, малку лук, неколку листови магдонос, хималајска сол, црн бибер, оригано и куркума.
Подготовка: Претходно искиснатиот наут од вечер, другиот ден се блендира и се додава изрендата тиквичка и другите состојки, се додаваат зачини по вкус. Се меша се’ убаво и со раце се формираат ќофтиња, се ставаат на хартија за печење и се пече на температура од 200-220 степени околу 10-12 минути и потоа уште 15 минути на 180 степени. Комбинирајте со салата со краставица.
Ужинка:
Една крушка и шолја билен чај
Вечера: Омлет од белки и зеленчук
Од 2 или 3 белки, 1-2 млади кромитчиња или стар кромид, ½ тиквичка, неколку листови спанаќ, 1 лажица маслиново масло, сол, бибер и зачини по желба. Најпрво се пропржува кромитчето на маслиново масло, се додава тиквичката сечкана и се пропржува неколку минути додека не омекнат. Потоа се додава спанаќот и се истураат врз нив белките. Зачинете со бибер и сол.
Кликнете ТУКА за ден 16 од исхраната.
Кликнете ТУКА за општите правила и насоки во врска со овој план на исхрана.
Кликнете ТУКА за ден 18 од исхраната.
Автор: Александра Пренџова
Дипл. нутриционист и технолог по исхрана