План за исхрана: Ден 16 - за ужина темно чоколадо, за вечера тиквички на скара
Појадок: Сладок манго појадок
Во едно канче кисело млеко Balans+ додадете 3 супени лажици овесни снегулки. Исечкајте на коцкички половина од едно манго со средна големина или 150 g и додадете го. На крај додадете една лажица растопено кокосово масло, какао и цимет. 1 шолја црно кафе.
*** Мангото е совршен извор на пребиотски диетни влакна, витамини, минерали и антиоксиданси како А и Ц кои се одлични за кожата и нашето здравје, па користете го почесто. Во комбинација со пробиотскиот јогурт Balans+ прават совршен спој и се добар избор за дневен препорачан внес на диетни влакна.
Ручек: Говедско со зеленчук
На скара испечете 150 g говедски бифтек и сервирајте го заедно со половина шолја исечкан кромид, блага пиперка и печурки прелиени со две лажици маслиново масло и едно чешне истолчен лук. Додадете двe помали обарени брокули со една лажица исечкан магдонос и наросете со бибер и сол. 1 шолја билен чај или вода
Ужинка:
Два реда темно чоколадо со 70% какао и шолја какао.
Вечера: Тиквички на скара премачкани со хумус
Изгрилувајте неколку тркалца тиквичка на грил тава, со малку маслиново масло, сол и лук во прав. Одозгора премачкате ги со хумус и наросете сечкан магдонос. 1 шолја чај од камилица.
Кликнете ТУКА за ден 15 од исхраната.
Кликнете ТУКА за општите правила и насоки во врска со овој план на исхрана.
Кликнете ТУКА за ден 17 од исхраната.
Автор: Александра Пренџова
Дипл. нутриционист и технолог по исхрана