План за исхрана: Ден 21 - за ручек полнет модар патлиџан, за ужина овошен јогурт
Појадок: Лепче со домашна пилешка паштета и маслинки.
Подготовка: Во блендер се става околу 100 g бело месо или 2 помали печени копани без коските, се додава малку топла вода, малку лук во прав или свеж, малку магдонос, црвен пипер, мешан зачин, сол и бибер. Се блендира до изедначување на смесата, па се додаваат неколку маслинки без семки и се блендира уште еднаш. Намачкајте на две кришки интегрален леб и јадете со кисело млеко Balans+. 1 голема шолја кафе
Ручек: Полнет модар патлиџан со мелено јунешко месо, црн бибер, маслиново масло и морков.
Пропржете 200 g мелено јунешко месо со малку кромид, лукче, ситно сечкан морков и зачинете со сол, бибер и црвен пипер. На страна пресечете напречно еден модар патлиџан, издлабете ја средината и наполнете ги со претходно подготвената смеса. Ставете во рерна да се пече со малку маслиново масло одозгора околу 30 минути на 200 степени.
Пред крајот додадете малку рендана моцарела и оставете во исклучена рерна уште неколку минути. На крај поросете со свеж магдонос и сервирајте топло во комбинација со домат, пиперка и млад кромид.
Ужинка:
Овошен јогурт: Balans+ кисело млеко 100 g, сечкани праски 30 g и 2-3 суви кајсии.
Вечера: Потаж од печурки со лукче
Потаж од печурки. Шампињоните (околу 50-100 g) ги ставаме да се пропржат на маслиново масло со лукче и кромид. По кратко време додаваме 20 ml вода и оставаме да се варат околу десетина минути. Пред крајот додаваме една помала китка карфиол се вари уште некоја минута и гасиме од оган. Потоа се блендира додека не добиеме хомогена смеса и имаме спремна крем супа. Закиселуваме по вкус со лимон. Додаваме бибер и куркума.
Кликнете ТУКА за ден 20 од исхраната.
Кликнете ТУКА за општите правила и насоки во врска со овој план на исхрана.
Кликнете ТУКА за ден 22 од исхраната.
Автор: Александра Пренџова
Дипл. нутриционист и технолог по исхрана