План за исхрана: Ден 13 - За ручек пилешка чорба, за вечера салата со лосос

den-13-001.jpg

Појадок: Хумус здрави лепчиња

3 кришки интегрален леб, намаз од хумус, одозгора поросете мелено ленено семе, маслинки и една шолја Balans+ јогурт. По појадокот напијте се една шолја црно кафе.

Ручек: Пилешка чорба со салата

Сварете на тивок оган 50 g пилешки гради исечкани на ленти во две шолји пилешки бујон со 5 исечкани млади моркови, една дршка исечкан целер и една лажичка свежо исечкан магдонос. Варете додека пилешките гради и зеленчукот не омекнат. Додадете како прилог на чорбата шолја обарен грашок (може и вариво) и половина исечкан домат. 1 шолја билен чај или вода.

Ужинка:

Eден грејпфрут и шолја зелен чај

Вечера: Салата со димен лосос

Во добро измиена и исечкана марула се додава 50 g обарена киноа, 100 g димен лосос и исечкана рукола. Се зачинува со маслиново масло, црн бибер, сол и сок од лимон.

Кликнете ТУКА за ден 12 од исхраната.

Кликнете ТУКА за општите правила и насоки во врска со овој план на исхрана.

Кликнете ТУКА за ден 14 од исхраната.

Автор: Александра Пренџова
Дипл. нутриционист и технолог по исхрана