План за исхрана: Ден 8 - За ручек печен лосос, за ужина овошен јогурт
Појадок: „Студени“ житарки
Една шолја незасладени житарки богати со влакна. Balans+ 250 g. Една шолја исечкани јагоди или друго ситно сечкано сезонско овошје. Една голема шолја црно кафе.
Ручек: Печен лосос на скара со ориз од карфиол
Грилувајте едно парче лосос на скара со малку маслиново масло. На страна обарете една помала китка карфиол и ставете го во сецко се’ додека не добиете ситно сечкан карфиол. Зачинете со маслиново масло, црн бибер и сол.
Ужинка:
Овошен јогурт од 100 g Balans+ кисело млеко со 30 g смрнати боровинки.
Вечера: Пикантен ориз со пилешко
Измешајте 200 g пилешко со една лажица маслиново масло и печете на скара додека добро не се испече. Измешајте половина шолја сварен кафеав ориз со четвртина лажица лут црвен пипер и малку бибер. Додaдете една чашка брокули варени на пареа и зачинети со една лажица свежо исцеден сок од лимон и маслиново масло. Една шолја билен чај или вода.
Кликнете ТУКА за ден 7 од исхраната.
Кликнете ТУКА за општите правила и насоки во врска со овој план на исхрана.
Кликнете ТУКА за ден 9 од исхраната.
Автор: Александра Пренџова
Дипл. нутриционист и технолог по исхрана