План за исхрана: Ден 1 - За појадок топол „фит“ сендвич, за ручек шпагети и печурки

den-1-001.jpg

Ден 1

Појадок: Топол „фит“ сендвич

1 варено јајце со две препечени лепчиња интегрален леб, премачкани со тенок слој путер, лист марула и Balans+ 250 g. Шолја црно кафе.

Ручек: Интегрални шпагети со шампињони и запечен сусам

Интегрални шпагети количина колку една помала порција 200 g (сварени), 100 g свежи шампињони, 1 лажица сусам, малку замрзната или свежа брокула (по желба), малку свеж магдонос, 1 лажица маслиново масло, малку хималајска сол. Сварените шпагети се мешаат заедно со претходно пропржените печурки и брокула со маслиново масло, се зачинува по вкус.

Ужинка:

1 крушка и шолја билен чај со лимон и рендан ѓумбир

Вечера: Рибина паштета

Подготовка: се блендира претходно сварената риба со магдонос, лимонов сок и ѓумбир. Намачкајте на тиквички или пиперки подготвени на плотна.

Кликнете ТУКА за општите правила и насоки во врска со овој план на исхрана.

Кликнете ТУКА за ден 2 од исхраната.

АвторАлександра Пренџова
Дипл. нутриционист и технолог по исхрана