Првата песна на ќерката на Цеца, Анастасија - светски одработен спот
Анастастија Ражнатовиќ го издаде својот прв сингл. Ќерката на Цеца доби лавина од позитивни реакции на социјалните мрежи за песната „Савршен пар“ и за спотот во кој се појавува еден бразилски манекен, а сниман е на неколку локации во Белград.
Текстот на песната е на Анастасија Ражнатовиќ, а аранжманот на нашиот композитор Дарко Димитров.
Од бојата на гласот на Анастасија до умереноста во стајлингот, фановите позитивно реагираат на нејзиното првенче. Велат дека песната има модерен призвук и е совршен почеток на музичката кариера на Анастасија.